Линкови за пристапност

Кјуриозити вози и слика по Марс

На фотографијата на НАСА се гледат трагите од возењето на Кјуриозити на Марс
На фотографијата на НАСА се гледат трагите од возењето на Кјуриозити на Марс

Возилото на НАСА на првото, пробно возење зело и примероци од почвата.

Кјуриозити успешно го заврши првото, пробно возење на Марс.

Панорама на Марс со трагите на Кјуриозити
Панорама на Марс со трагите на Кјуриозити
Роботското возило вчера минало 4,5 метри, вртело, а потоа се вратило назад 2,5 метри, според инженерот на Американската вселенска агенција – НАСА, Мат Хеверли, кој кажа и дека движењето потврдило дека почвата на планетата е солидна.

Фотографиите на Кјуриозити покажуваат траги од возењето. Возилото зело неколку примероци од почвата, што, според НАСА, „минало крајно успешно“.

Кјуриозити е подвижна лабораторија опремена со инструменти за истражување на геолошките и климатските услови, како и радијацијата на Црвената планета. За време на двегодишната мисија вредна 2,5 милијарди долари, НАСА ќе се обиде да добие одговор на прашањето дали на планетата некогаш постоел живот, но и дали може да постои во иднина.

Кјуриозити вози и слика по Марс

Роботската рака на Кјуриозити, насочена кон планинскиот врв Шарп на овој мозаичен приказ создаден од фотографиите направени на 8-ми, 18-ти и 20-ти август.  Се гледа и сенката на јарболот на Кјуриозити на кој се наоѓа камерата
1/4 Роботската рака на Кјуриозити, насочена кон планинскиот врв Шарп на овој мозаичен приказ создаден од фотографиите направени на 8-ми, 18-ти и 20-ти август.  Се гледа и сенката на јарболот на Кјуриозити на кој се наоѓа камерата
Инженерите на НАСА преку далечинско управување извршија тест на тркалата на Кјуриозити, вртејќи ги лево-десно.
2/4 Инженерите на НАСА преку далечинско управување извршија тест на тркалата на Кјуриозити, вртејќи ги лево-десно.
Para demonstran anti-pemerintah bergerak menuju gedung Kementerian Keuangan Thailand di Bangkok (25/11).
3/4 Para demonstran anti-pemerintah bergerak menuju gedung Kementerian Keuangan Thailand di Bangkok (25/11).
Карпеста почва што се покажала откако моторите на Кјуриозити ја дувнале прашината од површината на Марс.
4/4 Карпеста почва што се покажала откако моторите на Кјуриозити ја дувнале прашината од површината на Марс.
Previous slide
Next slide
This item is part of
XS
SM
MD
LG