Линкови за пристапност

Марс во боја


Првата фотографија во боја што ја направи Кјуриозити
Првата фотографија во боја што ја направи Кјуриозити

Возилото-лабораторија Кјуриозити на НАСА ја испрати својата прва колоритна фотографија, еден ден по успешното приземјување.

Возилото-лабораторија Кјуриозити на НАСА ја испрати својата прва фотографија во боја од Марс, еден ден по успешното приземјување. Црвено-кафената фотографија е направена на дното на кратерот Гејл, каде се приземји Кјуриозити. На неа се гледа северниот дел и работ на кратерот.

Кјуриозити направи стотина фотографии за време на спуштањето, но оваа е првата по приземјувањето. Иако таа е малку замаглена, во НАСА очекуваат роверот да направи доволен број на фотографии со висока резолуција во текот на наредните две години, колку што ќе трае неговата мисија.

Возилото вредно 2,5 милијарди долари ќе ги истражува геолошките и климатските особености и радијацијата на Марс. Научниците се надеват дека собраните податоци ќе помогнат во разрешување на старото прашање - дали на планетата некогаш постоел живот, но, што е можеби уште поважно за вселенските истражувања, дали може да постои во иднина?
XS
SM
MD
LG