На Трамп му е одредена кауција од 200.000 долари за случајот во Џорџија

Документот потпишан од адвокатите на Трамп и окружната обвинителка во Фултон Фани Вилис, ги утврдува условите за ослободување, вклучувајќи ограничувања за заплашување сведоци и попречување на правдата

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп ќе се соочи со обврска да плати 200.000 долари гаранција и наредба да не испраќа заканувачки пораки на социјалните мрежи додека го чека судењето во Џорџија под обвинение дека се обидел да ја поништи неговата изборна загуба во 2020 година, покажа денес судски документ.

Документот потпишан од адвокатите на Трамп и окружната обвинителка во Фултон Фани Вилис, ги утврдува условите за ослободување, вклучувајќи ограничувања за заплашување сведоци и попречување на правдата.

„Ќе вклучува, но не е ограничено на, објави на социјалните мрежи или повторно објавување на постови од друго лице на социјалните мрежи“, се вели во наредбата, потпишана од судијата на Врховниот суд на округот Фултон Скот Мекафи.

Трамп, фаворит за претседателската номинација на републиканците во 2024 година, и 18 други беа обвинети во случајот во Џорџија на 14 август.

Вилис им даде рок до петок напладне да се предадат или ќе се соочат со апсење .

Обвинителите во случајот предложија судењето да започне на 4 март 2024 година, додека адвокатите на Трамп побараа судење во 2026 година.

Извор: Ројтерс