Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, денес изјави дека новата команда на Алијансата за координација на воената помош и обука на војската на Украина ќе биде оперативна во септември.
Командата ќе биде лоцирана во Германија, а генерал со три ѕвезди ќе предводи тим од 700 лица.
Лидерите на НАТО се согласија на Самитот претходно овој месец да ги започнат напорите, со цел подобро да ги координираат напорите за помош на Украина и да ја направат таа помош попредвидлива.
Столтенберг зборуваше пред состанокот на околу 50 европски лидери во Британија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, учествуваше на Самитот и рече дека очекува да потпише нови безбедносни договори.
Русија и Украина вчера разменија по 95 затвореници, вкупно 190 затвореници.
Тоа беше трета размена на затвореници меѓу двете земји во седум недели - 54-та од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) помагаат во олеснувањето на размената, а украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на ОАЕ за помошта во размената вчера.
Дописникот на Гласот на Америка за национална безбедност Џеф Селдин придонесе за овој текст. Некои информации се од Асошиетед прес и Ројтерс