Линкови за пристапност

Норвешка ќе донира шест борбени авиони Ф-16 на Украина


Норвешка изјави дека испораките на Ф-16 се планирани да започнат во 2024 година
Норвешка изјави дека испораките на Ф-16 се планирани да започнат во 2024 година

Норвешка ќе донира шест борбени авиони Ф-16 на Украина за да ѝ помогне во одбранбените напори против руските воздушни напади, соопшти норвешката Влада во соопштението денес, додека лидерите на НАТО присуствуваат на Самитот во Вашингтон.

Лидерите на земјите-членки на НАТО се подготвени да објават нова помош за Украина за да ѝ помогнат да се одбрани по руската инвазија во февруари 2022 година.

Со надеж дека ќе го промени текот на војната, украинскиот претседател Володимир Зеленски сака 32-члената Алијанса да испрати повеќе оружје и пари и да понуди безбедносни гаранции.

Норвешка изјави дека испораките на Ф-16 се планирани да започнат во 2024 година.

„Во комбинација со системите за противвоздушна одбрана, борбените авиони ќе бидат од витално значење за да им овозможат на Украинците да се одбранат од руски воздушни напади“, се вели во соопштението.

Првичната најава беше дека ќе донира Ф-16 на Киев во август минатата година, но не кажа колку ќе бидат дадени.

Оттогаш, Осло испрати два авиони Ф-16 во Данска за да се користат за обука на украинските пилоти.

Ф-16 веќе долго време се на листата на желби на Украина поради нивната деструктивна моќ и глобалната достапност.

Висок функционер на НАТО оваа недела изјави дека Украина сè уште не ги добила муницијата и персоналот што ѝ се потребни за да изврши свои големи офанзивни операции.

Данска се обврза да донира вкупно 19 авиони, додека Холандија вети дека ќе испорача 24 авиони.

Двете земји беа движечки сили зад меѓународната коалиција за снабдување на Украина со Ф-16.

Норвешката авијација ги замени сопствените Ф-16 со моделот наследник Ф-35.

XS
SM
MD
LG