Израел одобри прекин на огнот за да се ослободат околу 50 заложници од Газа

Израелската влада соопшти дека првите заложници што ќе бидат ослободени ќе бидат жени и деца

Израелскиот кабинет го одобри договорот за прекин на огнот со милитантната група Хамас што ќе донесе привремено запирање на разорната војна која трае повеќе од шест недели.

Според договорот, Хамас треба да ослободи 50 заложници од околу 240, што ги држи во појасот Газа во период од четири дена, соопшти израелската влада.

Оттаму велат дека ќе го продолжат затишјето за дополнителен ден за секои 10 ослободени заложници.

Пред гласањето во Кабинетот во средата наутро, премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел ќе ја продолжи офанзивата против Хамас по истекот на примирјето.

Не беше веднаш јасно кога примирјето ќе стапи на сила.

Владата соопшти дека првите заложници што ќе бидат ослободени ќе бидат жени и деца.