Линкови за пристапност

Бајден вели дека верува оти заложниците на Хамас ќе бидат ослободени


Верувам дека тоа ќе се случи, но не сакам да навлегувам во детали, рече претседателот на САД
Верувам дека тоа ќе се случи, но не сакам да навлегувам во детали, рече претседателот на САД

Американскиот претседател Џо Бајден денес изјави дека верува оти ќе бидат ослободени заложниците што ги држат милитантите на Хамас во Газа, но тој не даде точно време.

„Разговарав со вклучени луѓе секој ден“, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа.

„Верувам дека тоа ќе се случи, но не сакам да навлегувам во детали“.

Тој испрати порака до околу 240 заложници кои ги држи Хамас, што САД ја означи како терористичката група, велејќи: „Доаѓаме".

Американските власти во последните денови рекоа дека соработуваат со израелски, катарски и египетски официјални лица за да обезбедат ослободување на заложниците, од кои само четворицабеа ослободени од Хамас откако ги зароби за време на нападот на еврејската држава на 7 октомври.

САД велат дека меѓу заложниците има девет Американци и еден странски државјанин со право на работен однос во САД.

Во меѓувреме, Бајден рече дека болниците во Газа „мора да бидат заштитени“ бидејќи израелските сили продолжуваат да ги гаѓаат здравствените установи во палестинската енклава поради тврдењата дека Хамас ги користи како покритие за своите командни центри и оружје.

XS
SM
MD
LG