Израел е подготвен за уште една хуманитарна пауза, рече претседателот Херцог

  • VOA

Израелскиот претседател вели дека државата е подготвена да ги врати заложниците што ги држи Хамас и да овозможи поголема помош да стигне до опколената палестинска енклава

Израелскиот претседател Исак Херцог денес сигнализираше подготвеност од страна на земјата да влезе во уште едно примирје во Газа со посредство на странство, со цел да ги врати заложниците што ги држи Хамас и да овозможи поголема помош да стигне до опколената палестинска енклава.

„Израел е подготвен за уште една хуманитарна пауза и дополнителна хуманитарна помош за да се овозможи ослободување на заложниците“, рече Херцог, чија јавна улога во голема мера е церемонијална, соопштија од неговиот кабинет.

„И одговорноста е целосно на (лидерот на Хамас Јахја) Синвар и (друго) раководство на Хамас“, рече тој.

Обединетите нации (ОН) денес изјавија дека појасот Газа е „најопасното место во светот да се биде дете“ како што израелското воено бомбардирање на територијата убива и рани илјадници деца, а илјадници други страдаат од заразни болести и недостаток на храна, вода и медицина во преполни, нехигиенски болници и засолништа.

Според Министерството за здравство на Газа, повеќе од 19.400 Палестинци се убиени, од кои околу 70% се жени и деца, откако Израел почна со бомбардирањето и опсадата на енклавата како одговор на нападите на Хамас и другите вооружени групи на 7 октомври, кои уби повеќе од 1.200 војници и цивили во Израел.

Светската здравствена организација објави дека само осум од 36 болници во Газа „едвај функционираат“.

Дел од информмациите се од Ројтерс