Блинкен ќе патува во Албанија следната недела, најави Стејт департментот

  • VOA

„Во Тирана, секретарот Блинкен ќе ја потврди силата на односите на САД со Албанија, клучен партнер за стабилноста на Западен Балкан, и цврст сојузник во поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, изјави портпаролот Метју Милер

Државниот секретар Ентони Блинкен ќе отпатува за Тирана, Албанија и Минхен, Германија, од 14 до 17 февруари, најави Стејт департментот.

„Во Тирана, секретарот Блинкен ќе ја потврди силата на односите на САД со Албанија, клучен партнер за стабилноста на Западен Балкан, и цврст сојузник во поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, изјави портпаролот Метју Милер.

Блинкен во Минхен ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција, како дел од делегацијата на САД предводена од потпретседателката Камала Харис.

„Секретарот ќе одржи билатерални состаноци за да ја нагласи трајната поддршка на САД за народот на Украина, да ги продолжи разговорите со партнерите за тоа како да се постигне траен мир и безбедност на Блискиот Исток и да ја истакне нашата цврста посветеност на трансатлантската безбедност“.

Блинкен, исто така, ќе им се придружи на меѓународните партнери на јавен форум за мултилатерализам, соопшти Милер.