Аналитичари бараат Обвинителството да започне соодветни предистражни мерки за Рамис Мерко

Адвокатот Ардиан Демири предлагап да се организира специјална институција, која би го гонела ваквиот тип на криминал

И додека актуелниот градоначалник на Струга, Рамис Мерко, четвртиот мандат го минува како персона нон грата во САД, поради корупција и мешање во судски предмети, судските органи и Јавното обвнителство се мобилизираат, испитувајки ги неколкуте се уште активни предмети за повеќе дела, кои се водат против него, дел од нив заглавени во предистрага уште од 2015 година.

Your browser doesn’t support HTML5

Обвинителството да започне соодветни предистражни мерки за Рамиз Мерко, бараат аналитичарите

„Отсуството на процесуирањето на овие дела е една можеби клучна причина поради која дојде до оваа мерка. Она што е поразително во сето ова е тоа што пораките доаѓаат од надвор“, вели Гоце Коцевски од Македонското здружение на млади правници.

Иако мерката е индивидуална, сепак нејзината тежина е политичка додава Коцевски.

„Затоа што се потенцира и се повторува слабоста на нашата држава да се избори со еден системски и хроничен проблем, кој што се однесува пред се на неспособноста да се соодветно адресира високата корупција меѓу носителите на високи јавни функции“, вели Каевски.

Адвокатот од Струга, Ардиан Демири очекува дека случајот со струшкиот градоначалник нема да заврши само со негово ставање на црната листа на САД.

„Со оглед на тоа дека гледаме во последниот период дека се зголемува притисокот за решавање и чешлање на минатото што е преземено, а што не до денес во врска со Мерко. Но, од друга страна мислам дека разочарувачки е за нас како општество и како држава, влада, систем да оние негативни појави и феномени кои ни се случуваат на таквите да ни укажува Стејт департмент“, смета Демири.

Ова вели Демири е уште еден аларм дека ситуацијата е стигната до пред девастирање.

„И дека системот да не речам колабира меѓутоа е пред целосен колапс. Ова е краен момент во државата да им пристапиме на работите на поинаков начин, на начин кои што ваквите и слични појави и елементи, односно феномени да ги отстраниме од нашето општество“, изјави адвокатот Демири.

Она што сега е неопходно вели Коцевски да се направи е наместо формирање комисии и посета на локалните судови и обвинителства, ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција да отвори истрага.

„ОЈО за борба против организиран криминал и корупција самата информација од Стејт департментот да ја третира како допрен глас и врз основа на тоа да започне соодветни предистражни мерки, кои нема да бидат насочени само кон личноста против која беше изречена оваа мерка, односно ставањето на црната листа, туку кон целиот како јавнообвинтелски, така судски и административен апарат кој дозволи да се доведеме до ситуација од странство добиваме пораки кој што ако нашите институции ако постапуваа соодветно, законски и навремено немаше воопшто да има потреба од тоа“, вели Гоце Каевски од МЗМП.

Бидејќи постоечките судски инстанци кои се вклучени во наводно решавање на случајот со Мерко се директен причинители на ваквата состојба, потребно е формирање на ново независно тело предлага Демири.

„Можеби повторно е дојдено време да се организира специјална институција, некоја институција која би го гонела ваквиот тип на криминал, бидејки гледаме дека системот не функционира кога се работи за одредени лица и одредена политичка провиниенција“, вели адвокатот Ардиан Демири.

Покрај градоначалникот Мерко, кој најави дека ќе соработува со судските органи, забрана за влез во САД има и неговата сопруга и трите деца.