Линкови за пристапност

САД и Северна Македонија имаат партнерството кое е цврсто и добро втемелено


„Македонците и Албанците, не гледаат друг актер кој би можел да ја замени улогата која САД ја имаат.“, изјави Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија.
„Македонците и Албанците, не гледаат друг актер кој би можел да ја замени улогата која САД ја имаат.“, изјави Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија.

И САД и Северна Македонија сметаат дека партнерството меѓу двете земји е цврсто и добро втемелено и дека нема отстапување од патот почнат уште од независноста во 1991 година.

Такви пораки беа пратени од денешната конференција на која се разговараше за односите меѓу Вашингтон и Скопје во ера на геополитички превирања во кои на западниот Балкан Русија сака да се наметне политички, а Кина и економски.

За односите меѓу стратешките партнери САД - Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:43 0:00

„Нашето партнерство со САД е основано на јасни вредности кои ги споделуваме и доминантно, македонските граѓани, не гледаат друга алтернативи на Западот. Незадоволство и фрустрации има заради бавните евроатлантските евроинтеграции, а пред се и поради бугарското вето за ЕУ, но факт е дека нашите граѓани, и Македонците и Албанците, не гледаат друг актер кој би можел да ја замени улогата која САД ја имаат.“, изјави Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија.

Врвниот американски претставник во земјава повтори дека САД остануваат сојузник на Северна Македонија, но и дека земјата мора да ги преземе тешките чекори кои водат кон членство во ЕУ. Пораката беше упатена и до власта и до опозицијата.

Во која било земја, одредени одлуки бараат владата и опозицијата да работат заедно, да ја тргнат политиката настрана и да го прават она што е најдобро за граѓаните.
Агелер, амбасадорка на САД

„За преземање на наредниот чекор за создавање подобра иднина мора да има политичка волја. Во која било земја, одредени одлуки бараат владата и опозицијата да работат заедно, да ја тргнат политиката настрана и да го прават она што е најдобро за граѓаните, Анџела Агелер, амбасадор на САД во Скопје.

Но, Вашингтон очекува да види напредок и во борбата против корупцијата. За таа цел пред само два дена струшкиот градоначалник поради наводи за вмешаност во сериозна корупција беше ставен на листата непожелни во САД.

„Често не прашуваат дали ваквите мерки се ефикасни, дали прават разлика. Во многу случаи, да, веруваме дека прави разлика зашто ги засега тие лица и нивните семејства и можноста слободно да се движат. Исто така, тоа праќа порака...“, Анџела Агелер, амбасадор на САД во Скопје.

А пораката, според денешната реакција на ДУИ – партијата од чии редови доаѓа Мерко, е разбрана.

ДУИ ја прифаќа одлуката на Рамиз Мерко за замрзнување на негови партиски функции додека не заврши истрагата.
Османи, министер за надворешни работи

„ДУИ бара институциите веднаш да започнат сеопфатна истрага за Рамиз Мерко за сите тврдења и информации кои произлегуваат од извештајот на Стејт департментот на САД. ДУИ ја прифаќа одлуката на Рамиз Мерко за замрзнување на негови партиски функции додека не заврши истрагата. ДУИ ја прекинува изборната активност во Струга додека не се создадат нови услови за нивно организирање“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Премиерот, во чија влада учествува и ДУИ, беше уште подиректен.

„Јас да се најдам на црната листа на САД, како човек кој и се образувал во САД, не само што ќе дадам оставка, туку тоа ќе го сметам за најголем пораз во мојата лична и професионална кариера.“, оцени Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека не станува збор за само еден случај на функционер инволвиран во сериозна корупција, туку за цела мрежа....

„Се додека оваа мафија не ја исчистиме од корен, на Македонија нема да и тргне напред. И така Македонија континуирано ќе ни се празни и ќе се иселува.“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владата и денеска повторија дека пораката од американската администрација мора сериозно да ја разберат надлежните - правосудните институции.

Секој сигнал од нашиот стратешки партнер треба сериозно да се зема.
Маричиќ, вицепремиер

„Треба тоа сериозно да го разгледаме, нашите институции да се позанимаваат со тоа. Секој сигнал од нашиот стратешки партнер треба сериозно да се зема.“, изјави Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања.

А денеска се „разбуди“ и обвинителството, информирајќи дека против Мерко активни се дури 6 предмети.

„Јавното обвинителство на Република Северна Македонија исклучително сериозно ги зема предвид сознанијата на американскиот Стејт департмент за потенцијално влијание од страна на ова лице врз постапките. Од тие причини, обвинителството итно по секој предмет ќе ја испита законитоста и ажурноста во постапувањата и евентуалното вршење влијание во постапувањето по предметите...“, соопштија од обвинителството.

XS
SM
MD
LG