Линкови за пристапност

Мерко се огласи, ќе соработувал со правосудните органи


Во пост на социјалната мрежа „Фејсбук“ со неколку слики со актуелниот амбасадор на САД, Анџела Агелер, Мерко вели дека ќе биде транспарентен и ќе соработува со правосудството иако токму поради влијание врз судството е ставен на црната листа. За премиерот Ковачевски, Мерко „беседи“. Обвинителството испрати тим во судовите во Струга и Битола. Судски совет тврди дека не добил преставка од Антикорупциска


СТРУГА – По шест дена молк и избегнување на новинарските прашања и јавноста, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој од минатата недела се најде на „црната листа“ на САД
се огласи преку пост на социјалната мрежа „Фејсбук“ во кој покрај сликите со амбасадорката на САД, Анџела Агелер, најави дека ќе соработува со правосудните органи.

„По најновиот развој на настаните во врска со одлуката на американскиот Стејт Департмент, не сакав да комуницирам во корист на процесите, за кои ќе бидам отворен како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи. Oд страна на институцијата Општина Струга, како и од моја страна, ќе ја доставyвам навреме и што е можно поскоро секоја потребна документација, бидејќи секогаш сум бил транспарентен за органите на правдата и за сите други институции“, напиша Мерко.

Иако со забранет влез во САД, Мерко се заблагодари за поддршката на САД за Северна Македонија и ја истакна нејзината важност.

„Од Претседателот Вудро Вилсон па сѐ до ден денес, Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно реализиравме многу значајни проекти за државата, градот и граѓаните на Струга. Секогаш ја поздравувам и ја поддржувам континуираната американска поддршка за нашата земја и граѓаните на Струга,“ стои во во статусот на Мерко.

Премиерот Димитар Ковачевски, објавата на градоначалникот Мерко ја оцени како „беседа“.

„ Мене ме прашувавте многу пати за струшкиот градоначалник, гледав од утрово дека тој на социјалните медиуми има една беседа за Вудро Вилсон со американски знамиња итн. и каде што кажува дека Општината е отворена за сите истражни органи коишто треба да ги испитаат наводите и основите врз основа на кои тој се најде на „црната листа“. Тоа што тој го избеседи утрово јас го кажав и првиот ден, дека Општината треба да биде веднаш на располагање, да бидат направени сите проверки“, изјави премиерот Ковачевски.

Тој ја поздрави одлуката на Јавното обвинителтво кое формираше комисија да ги испита наводите а тим од Обвинители се уптаија во Струга и Битола за да направат увид во судските документи.

Судскиот совет пак со одговор до Антикорупциска која тврди дека нивните преставки за Мерко се „загубиле во судските лавиринти“. Од Судски совет се на ставот дека тврдењата на Антикорупциопнерите се неосновани.

„Во ургенцијата, ДКСК се осврнува и на двете решенија од 2016 и 2017 година донесени од ист судија, Претседателот на основниот суд во Струга Ифет Бајрамовски, кои како што тврдат, иако се темелат на иста фактичка состојба и исти образложени причини, различно ја решаваат правната работа.Во првиот случај, барањето на должникот –општина Струга се одбива, додека со второто решение се усвојува.Во прилог на оваа ургенција е доставена и претставка од ДКСК од 2019 година, која е насловена до тогашниот Претседател на Судскиот совет, Киро Здравев. Веќе на 10.06.2021, или само неполна недела по добивањето на ургенцијата, Судскиот совет испраќа известување до ДКСК во кое се информира оваа институција дека во конкретниот случај е поминат подолг временски период, односно истечен рокот од три години предвиден во член 61 од Законот за судски совет“ велат од Судски совет и ја повикаа Антикорупциска да достави доказ дека претставката е примена во Судскиот совет во 2018 година, кога се уште течеле роковите за постапување.

XS
SM
MD
LG