Северна Македонија: Ќе се менуваат пет закони за подобрување на безедноста во сообраќајот

За проектот „Безбеден град“ да профункционира, прво треба да се изменат неколку закони – најмлаку пет, вели министерот за внатрешни работи.

За проектот „Безбеден град“ да профункционира, прво треба да се изменат неколку закони – најмлаку пет, вели министерот за внатрешни работи.

Државата подготвува системско решение за ситуацијата со безбедноста на патиштата која со години е сериозен проблем, но доби на итност по неодамнешниот инцидент во кој на пешачки премин беше прегазена младата Фросина Кулакова.

Your browser doesn’t support HTML5

Како да се намалат сообраќајките?

Денеска, на исто место, беа собрани претставници на надлежните министерства и институции, универзитетски професори, јавното обвинителство, судовите, невладиниот сектор за да се најдат најдобри можни решенија за надминување на состојбата - само минатата година во во сообраќајни несреќи загинале повеќе од 140 лица.

„Сметаме дека со еден ваков инклузивен пристп на сите фактори во општеството ќе дојдеме до она што го посакуваме, а тоа е безбеден град и безбедна држава во делот на сообраќајната некултура што ја имаме и тоа конечно да го поправиме подигање на културата и со тоа да ја оствариме првичната цел – никогаш да немаме по 142 жртви во сообраќајни несреќи.“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

За проектот „Безбеден град“ да профункционира, прво треба да се изменат неколку закони – најмлаку пет, вели министерот за внатрешни работи. Станува збор за законот за прекршоци, законот за возила, законот за безбедност на патиштата, законот за извршување на санкции, кривичниот законик. Прашањето кое се наметнува, бидејќи станува збор за измена на неколку законски рамки, е кога би можело проектот да почне со реализација.

Тошковски е оптимист дека тоа ќе биде брзо.

„Во наредните месец дена интензивно ќе работиме на целата легалситав која треба да се промени и се надевам дека до крајот на март ќе имаме првична работна верзија на сите закони кои треба да влезат во процедура, се со цел во април да влезат во владина, а потоа и во собраниска процедура. Суштински, овој проект, започнавме да го имплементираме од почетокот на годинава – почнавме да прибираме на податоци, телефонски број и имејл, потребни за процесно постапување за имплементација на `Безбеден град`“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Од министерството за правда, кое е вклучено во иницијативата, објаснуваат дека тие веќе почнале со измени на постоечката легислатива – законот за прекршоци.

„Предвидена е посебна постапка за прекршоците од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата, која се однесува на прекршоците утврдени со помош на електронски системи за детектирање, како што е системот `безбеден град`. Воведуваме скратени постапки со кратки рокови за судење и засилени казни за рецидивистите, вклучувајќи забрана за управување со возило по третиот прекршок. Прекршочните налози ќе се доставуваат брзо и ефективно преку СМС и е-пошта. Сторителите ќе имаат право на судска заштита ако не ја прифаќаат одговорноста. Овие промени ќе ја подобрат брзината и ефикасноста на постапките“, соопштуваат од правда.

Целиот проект „Безбеден град“ кој треба да прерасне во „Безбедна држава“, кој треба да резултира со ставање ред на патиштата, е поддржан и од ОН.

„Една од целите на планот за одржлив развој на ОН е амбицизната агенда за двојно намалување на сообраќајни несреќи до 2030 година. Среќни сме што ја поддржуваме во владата во обидите за намалување на сообраќајки во земјата и таа бројка да се движи кон просекот во држави од ЕУ.“, оцени амбасадорот на УНДП, Армен Григоријан.

За тоа каква е ситуацијата на патиштата и улиците во Северна Македонија најдобро говори статистиката на МВР – само за февруари имало повеќе од 18 000 казни, од кои една третина биле за пребрзо возење, една од главните причини за сообраќајни несреќи со смртни случаи.