Линкови за пристапност

По јавниот револт за смртта на Фросина, власта најавува законски измени


Јавната дебата ќе се одржи в петок и од неа треба да прозилезат насоки за подобрување на законската рамка во делот безбедноста на граѓаните
Јавната дебата ќе се одржи в петок и од неа треба да прозилезат насоки за подобрување на законската рамка во делот безбедноста на граѓаните

Протестите и револтот на граѓаните дадаоа резултат. Владејачкото мнозинство иницира постапка законски за зголемување на безбедноста на граѓаните по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова која минатата седмица беше покосена на пешачки премин во Скопје.

„Владејачкото мнозинство ќе побара доуредување и допрецизирање на законската регулатива. Време е за системски решенија, безбедноста на граѓаните мора да ни биде приоритет, а тоа значи промни во законите кои ќе бидат пребвенција и заштита. Намерата за стручна дебата е приоритет и нема да дозволиме политизација на оваа тема“, изјави Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Јавната дебата ќе се одржи в петок и од неа треба да прозилезат насоки за подобрување на законската рамка во делот безбедноста на граѓаните.

Јавниот револт се зголеми откако се утврди дека возачот, 20-годишниот Васил Јованов, немал возачка дозвола, возел со 130 километри на час, бил под дејство на алкохол, но и дека и претходно извршил кривични дела за кои судот го пратил во поправен дом, а не во затвор.

„Ве информирам дека денеска донесов одлука да ја разрешам од членство во работна група во Министерството за правда, судијата чие име ја бранува јавноста. Судијата беше дел од работната група која е формирана во декември 2020 година за измени на Кривичниот законик и беше дел од оптимизираната работна група за брзите измени на Кривичниот законик со кои што очекуваме да се отстранат штетните последици предизвикани со измените во 2023 година. Одговорност мора да се утврди и тука нема компромиси. Граѓаните очекуваат правда а институциите се должни да ја испорачаат, брзо, правично и транспарентно“, вели Игор Филков, министер за правда.

Дел од политичките партии бараат судијката да биде разрешена.

„Судски совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец, а ЈО да отвори истрага за истата. Возачот убиец кој ја усмрти младата Фросина Кулакова, дента наместо во возило требал да биде во затвор, ако судијката Даниела Алексовска Стојановска, наместо во поправен дом го испратила во затвор како што според закон и требала да постапи“, рече Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Судскиот совет засега е воздржан – велат дека ја следат ситуацијата.

„Би требало, не знам, да ги видиме фактите, се` ќе си оди во некоја процедура. Ние будно следиме, да, што не значи дека ќе отвораме или нема да отвораме постапка против судијката“, изјави Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет.

Јавното обвинителство вели дека се преземаат сите мерки за обезбедување докази за настан.

Обвинителството смета дека неспорно станува збор за кривично дело сторено со умисла.

„Токму затоа, Обвинителството во овој случај против осомничениот води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот“, изјави Јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

XS
SM
MD
LG