Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се обидува, барем пред јавноста, да го минимизира ефектот од „отворената војна“ меѓу него и неговиот претходник врз партиските структури во пресрет на двојните избори, парламентарни и претседателски, кои се предвидени за до година.
Христијан Мицкоски денеска, за разлика од претходниот период кога имаше што да му каже и порача на Никола Груевски, реши да ги одмолчи изјавите на поранешниот претседател на партијата и човекот што го избра за негов наследник.
Your browser doesn’t support HTML5
„Се што имав да кажам на таа тема кажав, јасно и гласно, немам што повеќе да додадам со тоа прашање. На сите им посакувам здравје и среќа и успех во тоа што го работат.“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквиот чекор на Мицкоски, кој познавачите на политичките состојби, го толкуваат за во најмала рака интересен, значи дека тој се одлучи да не му одговори на Груевски, кој од Будимпешта во онлајн интервју, изјави дека токму тој создава раздор во ВМРО-ДПМНЕ со тоа што влегол во непотребен конфликт со него обвинувајќи го дека соработува со СДСМ и ДУИ.
Дали сега се чувствуваат посилно, па велат, ајде со Груевски да се пресметаме, па еве ќе личиме на посилни... Не можам да ги разберам, мислам дека со ова само губатГруевски, поранешен премиер и азилант во Будимпешта
„Не, такво нешто не е можно, тоа е пропаганда, тоа е слоган. Тие смислиле слоган `Оската ДУИ-СДСМ-Груевски`. Тоа е како сега јас да кажам оската `Мицкоски-Заев` и тоа постојано да го повторувам. Очигледно се тргнати во една сосема непотребна офанзива. Не знам дали тоа некому требаа да му го испорачаат, дали на Заев, дали на некој друг центар, дали некој нешто им има подметнато, не можам да разберам... Дали сега се чувствуваат посилно, па велат, ајде со Груевски да се пресметаме, па еве ќе личиме на посилни... Не можам да ги разберам, мислам дека со ова само губат“, изјави поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, сега бегалец во Будимпешта.
Но, и во владејачкиот СДСМ, за кој од поодамна се зборува дека тлее внатрешен судир, разликите меѓу одредени партиски структури се почесто излегуваат во јавноста.
Денеска, еден од пратениците, излезе со апел до своите сопартијци за враќање на единството.
„Социјалдемократи другари и другарки или ќе се држиме сите заедно еден до друг, или ќе потонеме сите еден покрај друг Време за помирување и обединување“, напиша пратеникот Мартин Костовски на својот Фејсбук профил. Интересен коментар следеше од неговиот париски лидер и премиер.
На нашата држава и треба обединување, на европскиот фронт му треба обединување зашто пред нас се одлуки кои ќе обезбедат европска интеграција.Ковачевски, премиер
„А, да имаше он еден статус дека треба да бидеме обединети за заедно да победиме. Тоа е одличен статус. Еве денеска обединет сме јас и директорот на Државниот пазарен инспекторат, обединети сме со министерот за економија, обединети сем во `Фронтот за европска иднина на државата`. На нашата држава и треба обединување, на европскиот фронт му треба обединување зашто пред нас се одлуки кои ќе обезбедат европска интеграција.“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Ковачевски е оптимист дека коалицијата што тој ја предводи ќе победи и на претседателските и на парламентарните избори. Мицкоски смета спротивното.