Кинескиот претседател Шји Џјинпинг следната недела ќе оди во државна посета на Русија каде од понеделник до среда ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, соопштија во петокот Кина и Кремљ.
Двајцата последен пат се сретнаа во Кина минатата година, кога Путин присуствуваше на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри и во септември на регионалната конференција во Узбекистан.
Посетата за следната недела беше најавена еден ден откако Кина ги повика Русија и Украина да започнат мировни преговори за да се стави крај на нивниот конфликт.
Русија ја нападна Украина пред повеќе од една година.
Кинеското министерство за надворешни работи денес рече дека руската посета на Шји „ќе промовира стратешка координација и практична соработка меѓу двете земји и ќе внесе нов поттик во развојот на билатералните односи“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот месец изјави дека би се сретнал со Шји откако тој повика на разговори меѓу Русија и Украина.
Кина и Русија ги зајакнаа своите врски на повеќе полиња и влегоа како што велат во партнерство „без ограничувања“.
Дел од информациите се преземени од Ројтерс и Франс-прес