Линкови за пристапност

Путин и Шји ќе се сретнат во Узбекистан да го зајакнат партнерството по војната во Украина


Русија се сврте кон Кина за ослободување од меѓународните санкции и сака да ги зајакне своите врски со Пекинг
Русија се сврте кон Кина за ослободување од меѓународните санкции и сака да ги зајакне своите врски со Пекинг

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Шји Џјинпинг ќе се сретнат во Узбекистан, собир што треба да укаже на силата на соработката меѓу двете земји.

Самарканд, античкиот узбекистански град, оваа недела ќе биде домаќин на Самитот, каде што Путин и неговиот кинески колега Џјинпинг ќе се сретнат првпат откако Русија ја нападна Украина.

Русија се сврте кон Кина за ослободување од меѓународните санкции и сака да ги зајакне своите врски со Пекинг. Но, тоа е нерамноправен однос, според некои аналитичари, кои велат дека Кина ја гледа Русија како политички партнер, а не како економски.

„Колкав е обемот на трговијата меѓу Русија и Кина? Ова е најдобриот партнер на Русија, нели? 143 милијарди долари. Колкав е обемот на трговската размена меѓу Кина и САД? Тие се противници, но тој е 700 милијарди“, вели Алексеј Малашенко од Истражувачкиот институт Дијалог на цивилизациите во Москва.

Русија можеби не е најголемиот трговски партнер на Кина, но Пекинг сега го претставува најголемиот политички партнер на Москва.

„Во однос на геополитичките работи, Русија и Кина споделуваат слични ставови за Западот и за азископацифичкиот регион“, рече Кирил Бабаев од Московскиот институт за Кина и модерна Азија, кој додава и дека тие, исто така, имаат непријателски односи со САД.

„Русија и Кина имаат важен заеднички противник: САД, чии односи со Русија се целосно расипани и постојано се влошуваат со Кина. Тоа природно ги прави Русија и Кина поблиски една до друга“.

Ова е прво патување на кинескиот лидер надвор од неговата земја од почетокот на пандемијата на ковид-19, а одлуката да се одржи состанокот во Узбекистан ја истакнува стратешката важност на областа.

„Централна Азија е исто така транзитен регион. Ова е првата точка. Второ, тука се вистинските економски интереси на Кина. Тоа е сосема јасно. Но, знаете, јас би рекол дека Кинезите се еден вид „филозофи на политиката“. Тие во секој случај совршено сфаќаат дека Централна Азија никогаш нема да избега од нивното влијание“, рече Малашенко.

Со оглед на тоа што Русија е изолирана од Западот, а Кина прави тежок баланс меѓу политиката и бизнисот, Москва се надева дека ќе ја искористи средбата меѓу Путин и Шји за да го зајакне единствениот преостанат мост што го има од нејзината одлука да ја нападне Украина.

XS
SM
MD
LG