Владата испраќа спасувачки тимови и армиски специјалци во Турција

Парична помош, техника и опрема, кучиња за пребарување на урнатините, шатори, ќебиња и санитетски материјал, се исто така дел од помошта која ќе биде испратена во Турција

СКОПЈЕ - Четириесет спасувачи и 22 армиски специјалци ќе бидат испратени да помогнат во пребарувањето на урнатитените во потрага по преживеани по катастрафоалниот земјотрес кој утрово ја потресе Турција. Владата на вопнредна седница донесе одлука за финансиска помош, но и за помош во материјали и опрема која е повеќе од неопходна во моментов.

Владата го задолжи министерството за финансии да одобри шест милиони денари кои ќе бидат испратени како помош за настраданите во земјотресот.

„ Се задолжуваат Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, во координација со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, итно да подготват и до Владата да достават соодветна одлука за испраќање на сили/тимови за заштита и спасување, коишто ќе се вклучат во погодените подрачја, како и одлука за испраќање хуманитарна помош за заштита и спасување во Република Турција“, соопштија од Владата.

На предлог на Дирекцијата за заштита и спасување Владата одобри испраќање на 40 припадници на републичките сили за заштита и спасување кои треба да помогнат во санирањето на последиците од земјотресот. Спасувачите ќе заминат утре со шест возила во кои ќе биде опремата средства за пребарување и спасување од урнатини а со нив одат и две противпожарни возила.

Исто така на предлог на министерството за одбрана одобрено е испраќање на тим за заштита и спасување кој го сочинуваат 22 лица припадници на Баталјонот за специјални сили и две лица водачи на службени кучиња, со две кучиња. Пoкрај тоа од Одбрана се обезбедни 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила.

На министерството за здравство на денешната седница му е наложено итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување помош во вид на медицински персонал, медицинска опрема и лекови а Црвениот крст доби препорака да се вклучи во акцијата за обезбедување помош на настраданите, со испраќање тимови и друг вид хуманитарна помош, соодветна за вакви природни катастрофи.

Според последните информации од МНР осуммината средношколци и нивниот ментор кои беа затекнати во погодените подрачја а од кои двајца се повредени, ќе бидат евакуирани вечерва и транспортирани во Анкара и потоа назад во државата.За нивна евакуација веќе е испратено возило и персонал од амбасадата.

Од МНР соопштија дека во моментов нема други македонски државјани во Турција кои се наоѓаат во загрозена состојба или на кои им е потребна асистенција.

„Нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба. Ја користиме можноста уште еднаш да посочиме дека нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732“, стои во соопштенитето на министерството.

Попладнево и претседателот на ЗЕЛС, градоначалникот на Општина Кисела Вода - Орце Ѓеорѓиевски, ги повика сите општини да бидат солидарни и да испратат помош во Турција.

„ Самиот, како градоначалник на Општина Кисела Вода, веќе поднесов иницијатива до Советот за обезбедување на финансиска помош од 500.000,00 денари за погоденото население од Турција и Сирија. Остваривме контакт и со Амбасадата на Република Турција во Македонија, на која понудивме поддршка и од друг тип. Од таму дополнително ќе бидеме известени околу конкретните потреби па ќе излеземе со адекватна помош за семејствата погодени од разорниот земјотрес! Се надевам и силно верувам дека овој чекор ќе го следат сите останати градоначалници, за да им помогнеме овие луѓе кои за еден миг изгубија можеби се“, стои во апелот на Ѓеорѓиевски.

Трката со времето во потрага по преживеани под урнатините продолжува, бројката на жртви и настрадани расте од секунда во секунда и според последните инфоемции над 2.300 луѓе се настрадани, над 10 илјади се повредени а целосно се урнати повеќе од три илјади објекти.