Линкови за пристапност

Над 1.500 загинати во земјотресот во Турција и Сирија, се трага по преживеани


Земјотресот со епицентар во близина на Газијантеп, блиску до границата меѓу Турција и Сирија, беше проследен со земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала во раните попладневни часови
Земјотресот со епицентар во близина на Газијантеп, блиску до границата меѓу Турција и Сирија, беше проследен со земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала во раните попладневни часови

Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала денес уби повеќе од 1.500 луѓе во Турција и Сирија. Во моментов се води потрага по преживеани среде урнатините на паднатите згради.

Земјотресот пред зори со епицентар во близина на Газијантеп, блиску до границата меѓу Турција и Сирија, беше проследен со земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала на околу 100 километри северно во раните попладневни часови.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конференција изјави дека Турција има најмалку 912 загинати, а околу 5.400 луѓе се повредени. Тој рече дека најмалку 2.800 згради се урнале.

„Бидејќи напорите за отстранување на отпадот продолжуваат во многу згради во зоната на земјотресот, не знаеме колку ќе се зголеми бројот на загинати и повредени“, рече Ердоган.

Сириските здравствени власти соопштија дека најмалку 371 лице загинале во областите под контрола на владата, додека спасувачките работници соопштија дека најмалку 221 други загинале во областите под контрола на бунтовниците.

И македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека стапило во контакт со амбасадата на Северна Македонија во Анкара, како и со конзулатот во Истанбул. Оттаму засега нема информации за повредени или евентуално загинати македонски државјани.

Министерството објави и телефонски броеви за итна помош за македонски државјани: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732.

Дел од информациите во текстот се преземени од АП, Ројтерс и агенцијата Франс- прес

XS
SM
MD
LG