Најмалку 500 лица загинале во серијата разорни земјотреси што ги погодија централна Турција и северозападна Сирија.
Според официјалните податоци бројот на загинати во Турција е најмалку 280 лица, додека во Сирија е најмалку 230 лица. Најсилниот земјотрес бил со магнитуда од 7.8 степени, а вториот по јачина бил од 6.7 степени.
Од македонското министерство за надворешни работи соопштија дека стапиле во контакт со амбасадата на С. Македонија во Анкара, како и со конзулатот во Истанбул. Од МНР засега нема информации за повредени или евентуално загинати македонски државјани.
Министерството објави и телефонски броеви за итна помош за македонски државјани, и тоа +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732.
Во реонот меѓу Турција и Сирија се погодени повеќе градови. Епицентарот бил во близина на индустрискиот град Газиантеп. Таму се урнала и истоимената тврдина, изградена меѓу 2. и 3. век. Според Американското биро за геологија, потресот бил почувствуван и во Либан, Египет како и на Кипар.
Дел од информациите во оваа објава се преземени од Reuters.