„Дополнителен армиски арсенал, што ќе биде важен за Украинците. Западните тенкови се супериорни во однос на тенковите од руско производство што ќе им овозможат на Украинците да ја спречат новата руска офанзива подоцна оваа пролет, што сите ја очекуваат, но исто така и самите да тргнат во контраофанзива за да можат да ја повратат територијата во јужна Украина“, изјави Курт Вокер, поранешен амбасадор на САД во НАТО и експерт во Институтот ЦЕПА во Вашингтон во интервјуто за грузиската редакција на Гласот на Америка.
Запрашан за воената и политичка тежина на објавата на претседателот Бајден од Белата куќа за испраќање тенкови Абрамс во Украина, Вокер вели дека тоа „покажува дека Западот сега признава дека не може да си дозволи да ја види Украина дека ја губи оваа војна“.
Your browser doesn’t support HTML5
„Ако Путин преживее и ја преземе Украина и ги распореди руските воени сили во Украина сè до полската граница, тоа би било опасно за сите“; предупреди поранешниот американски виш дипломат.
Тој се осврна на досегашната поддршка од САД за Украина.
Загрижен сум дека ако ова битките стагнираат, и ако Украина не може да ги истисне Русите надвор од нејзината територијата и се повеќе запаѓа во фаза на замрзнат конфликт, тогаш западната јавност може да се замори.Вокер, поранешен американски амбасадор
„Мислам дека ќе има уште една и пол година многу солидна поддршка од САД и од сојузниците. Гледаме дека Украина е во состојба да ја интегрира воената опрема. Но, загрижен сум дека ако ова битките стагнираат, и ако Украина не може да ги истисне Русите надвор од нејзината територијата и се повеќе запаѓа во фаза на замрзнат конфликт, тогаш западната јавност може да се замори“, рече Вокер. И, исто така, во САД ќе има претседателски избори во 2024-та и во текот на кампањата, ќе слушнеме дека луѓето ќе прашуваат зошто ја даваме оваа поддршка на Украина? Зошто, толку многу? Како, се користат средствата?“, најави поранешниот амбасадор на САД во НАТО.
Според него, НАТО е релевантен повеќе од било кога.
„Луѓето не мислеа дека НАТО некогаш навистина треба да ја брани Европа, бидејќи заканите од минатото ги немаше. Но, ова е еден вид повик за будење за да се покаже дека тие закани постојат“, рече Вокер.
Your browser doesn’t support HTML5
Во одделно интервју за грузиската редакција на Гласот на Америка, Дејвид Крамер, поранешен американски амбасадор и експерт за надворешна политика при претседателскиот Центар Џорџ Буш смета дека испраќањето 31 американски тенк Абрамс е вистинската одлука.
„Жално е што траеше толку долго, бидејќи овие тенкови на Украинците им требаа минатата година, не - вчера или утре. Тоа доведе до некои поделби во Алијансата, но генерално ова е вистинската одлука. И САД помогнаа, со тоа што укажаа дека ќе испратат тенкови Абрамс М1-А1. На Украинците им требаат овие тенкови. Ним им треба повеќе од овие тенкови“, изјави Крамер.
Оваа помош со тенкови е апсолутно клучна за да и се помогне на Украина да победи во оваа војна, не само да ја одбрани својата територија, туку и да биде победник во оваа војна и со оглед на траекторијата на борбите.Крамер, експерт за надворешно-политички прашања
Според него, ова покажува дека „Западот ќе продолжи да ја дава помошта што ѝ е потребна на Украина можеби не точно на време, како што би се надевале Украинците, можеби не неопходниот вид на системи за оружје што тие го бараат“. Но, нема сомнение, рече Крамер, дека „САД и сојузниците ја зголемија воена помош, по инвазијата, и тотално неиспровоцираната и неоправдана агресија од Путин“.
Оваа помош со тенкови е апсолутно клучна за да и се помогне на Украина да победи во оваа војна, не само да ја одбрани својата територија, туку и да биде победник во оваа војна и со оглед на траекторијата на борбите, рече Крамер.
Според него, „победата за Украина е можна, и таа би вклучува протерување на руските сили не само надвор од Донбас, но и надвор од територијата на Крим“.