Линкови за пристапност

Лук Кофи: Одлуката за испраќање тенкови Абрамс за Киев е силна порака до Русија за одлучноста да ѝ се помогне на Украина


На Москва, не ѝ допаѓа испораката на тенковите од типот Леопард 2, но и американските тенкови Абрамс. Тоа се тенкови кои беа дизајнирани да ги победат тенковите од Русија и Советскиот Сојуз.
На Москва, не ѝ допаѓа испораката на тенковите од типот Леопард 2, но и американските тенкови Абрамс. Тоа се тенкови кои беа дизајнирани да ги победат тенковите од Русија и Советскиот Сојуз.

Глас на Америка: Претседателот Бајден денеска од Белата куќа зборуваше за поддршка на Украина, најавувајќи испраќање тенкови Абрамс во Украина. Која е воената и политичката тежина на оваа одлука?

Кофи: Абрамс е фантастичен борбен тенк, најдобар од сите западни борбени тенкови, кој има најмногу борбено искуство и борбено се докажал. Способностите и фактот што испраќаме над 30 од овие тенкови, мислам дека испраќа силна порака до Русија дека сме сериозни да ѝ помогнеме на Украина, но исто така испраќа порака до Украинците дека им веруваме дека ефективно да ги користат овие армиски капацитети. Исто така, им овозможува на САД да видат колку добро Абрамс може да се спротивстави против руските типови на тенкови. Ако овие тенкови биле направени да војуваат против руските тенкови и сега ќе ја добијат оваа можност во Украина.

Вишиот соработник за Национална безбедност, одбрана и надворешна политика при Институтот Хадсон Лук Кофи во ексклузивно интервју за грузиската редакција на Гласот на Америка вели дека испраќањето тенкови е важна порака до Украина, но исто така и до Русија, дека конечно ќе бидат испорачани и употребени на фронтот.

Според него, Германија оваа одлука требало да ја донесе пред неколку месеци.

„И додека овие тенкови не се најдат на фронтот, мислам дека доцнењето од Германија го прави НАТО да изгледа слаб“, рече Кофи.

„Украина во моментов води војна за опстанок. Војната трае скоро една година. Ако 11 месеци од почетокот на војната сè уште водиме дебати за тоа дали да испратиме тенкови или не, мислам дека тоа, не е од помош“, изјави овој експерт за надворешна и безбедноста политика од Вашингтон.

Гласот на Америка: Каков сигнал испраќа оваа одлука со тенкови до Москва?

Кофи: Пораката е за тактичката способност што овие тенкови ќе ја имаат на бојното поле. На Москва, не ѝ допаѓа испораката на тенковите од типот Леопард 2, но и американските тенкови Абрамс. Тоа се тенкови кои беа дизајнирани да ги победат тенковите од Русија и Советскиот Сојуз. И тоа беше нивната единствена цел кога беа развиени пред неколку децении. И сега ќе бидат испробани и тестирани во Украина. И, ако сум Русија, би бил загрижен“.

Гласот на Америка: Како се промени НАТО за една година, и што се промени во структурите?

Кофи: Алијансата никогаш не била повеќе пообединета на воена основа. Имаме невидено висок број на трупи на НАТО долж Источното крило на Европа. Алијансата покажува дека е посветена на безбедноста и одбраната на трансатлантскиот регион“.

XS
SM
MD
LG