Линкови за пристапност

Жестоки руски ракетни напади врз Украина по објавата на САД и Германија за испраќање тенкови


Новите ракетни напади уследија откако претседателот Володимир Зеленски, говорејќи само неколку часа откако Германија и САД ветија дека ќе му дадат на Киев напредни борбени тенкови
Новите ракетни напади уследија откако претседателот Володимир Зеленски, говорејќи само неколку часа откако Германија и САД ветија дека ќе му дадат на Киев напредни борбени тенкови

Русија започна нов бран ракетни напади врз Украина утрово, при што загина најмалку едно лице, неколку часа по нападот со беспилотно летало во текот на ноќта, додека тешките борби продолжуваат со несмалено темпо на истокот, каде што силите на Москва вршат зголемен притисок.

Новите ракетни напади уследија откако претседателот Володимир Зеленски, говорејќи само неколку часа откако Германија и САД ветија дека ќе му дадат на Киев напредни борбени тенкови, ги повика западните сојузници на Киев да испорачаат ракети со долг дострел и воени авиони за да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека едно лице загинало, а две други се ранети во напад на главниот град и ги повика жителите да останат во засолништа. „Како резултат на ракета што погоди нестанбена зграда во областа Холосијев, имаме информации за еден загинат и двајца ранети. Ранетите се хоспитализирани“, рече тој.

Шефот на воената служба на Киев, Серхи Попко, рече дека повеќе од десет проектили биле уништени над главниот град од воздушната одбрана. „Непријателот лансираше повеќе од 15 крстосувачки ракети во правец на Киев. Благодарение на одличната работа на воздушната одбрана, сите воздушни цели беа соборени“, рече тој.

Претходно, Генералштабот на украинската војска соопшти дека нивните сили уништиле 24 беспилотни летала, вклучително и 15 над Киев, кои Русија ги лансираше во нападите во текот на ноќта. Зеленски во своето редовно ноќно видео обраќање на 25 јануари рече дека сега е неопходно „да се продолжи со набавка на авиони за Украина“.

На бојното поле, украинските сили продолжија да го одржуваат непрестајниот притисок од руските напади на исток, главно во Бахмут и Авдијевка во регионот на Доњецк и Червопопиевка во Луганск, се вели во дневниот извештај на Генералштабот на 26 јануари.

Претседателот Бајден вчера рече дека САД ќе испратат 31 од нивните високо напредни тенкови Абрамс, потег, што тој рече дека не е закана за Русија.

Москва предупреди дека го смета снабдувањето со напредни борбени тенкови на Украина од Запад за опасна провокација.

Говорејќи од Белата куќа, Бајден рече дека тенковите на НАТО за Украина ќе помогнат „да се подобри нивната способност за маневрирање на отворен терен“.

Делови од извештајот се од Ројтерс, АП и ДПА.

XS
SM
MD
LG