Русија тврди дека ја презеде контролата врз Соледар, Украина не коментира

Битката беснее со месеци и двете страни во различни периоди тврдеа дека ја контролираат локацијата.

Русија во петокот соопшти дека ја презела контролата врз украинскиот град со рудник за сол, Соледар.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Соледар бил заземен повторно доцна во четвртокот. Украина не го коментираше последното тврдење на Кремљ.

Битката таму беснее со месеци и двете страни во различни периоди тврдеа дека ја контролираат локацијата.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар изјави во четвртокот дека има жестоки борби околу Соледар, но дека украинските сили се држат.

Малиар зборуваше еден ден по спротивставените тврдења за тоа кој го контролира овој град во источна Украина.

Хана Малиар, заменик министер за одбрана на Украина, изјави дека „и покрај тешката ситуација, украинските војници очајно, се борат. Непријателот претрпува големи загуби, неуспешно се обидува да ја пробие нашата одбрана и да го заземе Соледар. Денес пристапите кон градот се буквално преполни со телата на војниците на Путин. Нашите бранители покажуваат максимална издржливост и херојство“.

Ова област е една од најактивните во конфликтот, што ја отежнува независната проценка на ситуацијата.

Во своето ноќно видео обраќање во четвртокот, украинскиот претседател Володимир Зеленскиј рече дека приоритет во моментов е да се задржат Соледар и Бахмут.

„Се разбира, приоритет број 1 е Соледар, Бахмут и битките за Доњецк. Детално анализиравме какви одлуки се потребни, какви засилувања се потребни, какви чекори треба да преземат командантите во наредните денови. Исто така, разговаравме за ситуацијата со снабдувањето со оружје и муниција на војниците, релевантната интеракција со нашите сојузници“, изјави Зеленски.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека рускиот одбранбен производствен сектор најверојатно ја зголемува работната сила за да ги исполни барањата за производство за време на војната.

„Во ноември 2022 година“, се вели во извештајот објавен на Твитер, „Уралвагонзавод (УВЗ), најголемиот руски производител на тенкови, објави во локалните медиуми дека ќе вработи 250 затвореници по состанокот со Федералната казнена служба (ФСИН).

Русија има долга историја на користење затворска работна сила и во 2017 година „присилната работа како специфична кривична казна беше повторно воведена“, соопшти Министерството.

Американскиот Институт за анализирање на војната објави дека рускиот претседател Владимир Путин најверојатно бара „жртвени јарци поради недостигот во руската одбранбена индустриска база за справување со опрема и технолошки недостиг“, откако јавно, критикуваше министер на државната телевизија.

Путин му рекол на рускиот вицепремиер Денис Мантуров „да не се прави наивен“ кога барал одговори зошто некои руски агенции не добиле државни наредби за зголемување на персоналот и производството во сегашните „услови“ во Русија.

Институтот, сублимира, дека „овој инцидент веројатно е дел од тековната информативна кампања на официјален Кремљ за подигнување на имиџот на Путин како ангажиран воен лидер“.