Линкови за пристапност

Евгенија Кара-Мурза: Опстојувањето на режимот на Путин зависи од единството на Западот кон руската агресија врз Украина

„Во однос на долговечноста на режимот на Путин многу зависи од единството на одговорот на Западот на руската агресија врз Украина“, вели Евгенија и додава дека „исто така, тоа зависи од поддршката од Запад кон граѓанското општество на Русија“.

Евгенија Кара-Мурза, сопругата на рускиот опозициски политичар Владимир Кара-Мурза, кој е затворен во Москва од април 2022 година поради неговата отворена анти-воена позиција и постојана критика на Кремљ, во ексклузивно интервју за руската редакција на Гласот на Америка се осврна на нејзината лична битка за ослободување на Владимир, репресиите против опозиција од официјален Кремљ, како и за руската војна во Украина.

„Во однос на долговечноста на режимот на Путин многу зависи од единството на одговорот на Западот на руската агресија врз Украина“, вели Евгенија и додава дека „исто така, тоа зависи од поддршката од Запад кон граѓанското општество на Русија“.

„Не можам да ја загубам надежта, како што не можев по двете труења на Владимир во 2015 и 2017 година кога тој беше на апарати за одржување во живот. Немам право да се откажам и како мајка, како сопруга на политички затвореник и како руски државјанин поради она што се случува во мојата земја и она што го прави Русија во Украина“, вели Кара-Мурза во интервјуто за Гласот на Америка.

Кара-Мурза, исто така, се огласи за крајниот рок следната недела за администрацијата на Бајден да одговори на писмото од сенаторите Риш и Менендез, кои побараа да се воведат санкции на согласно Актот Магнитски „против оние кои се вклучени во произволно притворање на рускиот активист, опозиционер, новинар и историчар Владимир Кара-Мурза“.

Претходно, Владимир Кара-Мурза водеше кампања за спроведување на Актот Магнитски во САД со Борис Немцов, кој подоцна беше убиен во Москва.

Евгенија Кара-Мурза истакна во интервјуто дека „ваков вид санкции веќе беа воведени од Канада неодамна и, сметам дека треба да бидат воведени од САД и други земји. Иако овие санкции ќе бидат против службеници, судии, обвинители, полицајци и други луѓе кои можеби немаат имот надвор од Русија, тоа е исто така важна алатка за да се покаже солидарност’.

Санкциите согласно Актот Магнитски, според неа, испраќаат силна порака до оние луѓе чии права се прекршени. Порака е дека светот гледа што се случува, знае што прават режимите, а нема да затвори очи. „Затоа, ги повикувам и другите земји да ги воведат овие санкции“, рече Евгенија Кара-Мурза.

XS
SM
MD
LG