Линкови за пристапност

Украински конфликт - на врвот на листата на глобални злоупотреби со човекови права, објави Хјуман Рајт Воч


„Во украинските градови како Буча и Изим, има широко распространети докази дека окупаторските руски војници мачеле, силувале и егзекутирале цивили“, коментира Фолкер Турк, висок комесар на ОН за човекови права.
„Во украинските градови како Буча и Изим, има широко распространети докази дека окупаторските руски војници мачеле, силувале и егзекутирале цивили“, коментира Фолкер Турк, висок комесар на ОН за човекови права.

Изминатата година имаше низа кризи за човековите права ширум светот, од Украина до Кина, до Авганистан, вели организацијата Хјуман рајтс воч во својот годишен извештај.

„Хјуман рајтс воч“ вели дека по руската инвазија на Украина, глобалната заедница заслужува признание за ослободувањето на, како што го нарекува „целосниот арсенал“ на Системот за човекови права - вклучително и спроведување истрага од Меѓународниот кривичен суд.

„Видовме непосредни одговори од меѓународната заедница да се мобилизира околу клучните поддршка за човековите права, вклучително и воспоставување меѓународни механизми за правда, собирање докази за воени злосторства“, изјави Тирана Хасан, в.д. извршен директор на Хјуман рајтс воч.

„Во украинските градови како Буча и Изим, има широко распространети докази дека окупаторските руски војници мачеле, силувале и егзекутирале цивили. Советот за човекови права на Обединетите нации документира неколку стотици цивилни убиства - што се смета дека се дел од вкупниот број“, коментира Фолкер Турк, висок комесар на ОН за човекови права.

Годишниот извештај на Хјуман рајтс воч, исто така, ги нагласува тековните злоупотреби во Кина - вклучувајќи масовно притворање, тортура и принудна работа за милион малцинска заедница - муслимани во регионот Ксинџијанг.

Пекинг ги негира обвинувањата. Во извештајот се вели дека ОН спроведува засиленото истражување на активностите на Пекинг преку Советот за човекови права и тоа е охрабрувачко.

„За прв пат по многу долго време забележавме пукнатини во авторитарниот оклоп на Кина“, оцени Тирана Хасан, в.д. извршен директор на Хјуман рајтс воч.

Во Иран, протестите предизвикани од смртта на Махса Амини, откако таа беше приведена од полицијата за морал, прераснаа во национални антивладини демонстрации.

Хјуман рајтс воч вели дека егзекуцијата на најмалку четворица демонстранти мора да поттикне посилен глобален одговор.

Треба да ја надминеме меѓународната солидарност за демонстрантите и треба да се погрижиме владите ширум светот да бараат одговорност од иранските функционери“, Тирана Хасан, в.д. извршен директор на Хјуман рајтс воч.

Во извештајот се наведува зголеменото кршење на човековите права во Мјанмар - каде што авторите велат дека режимот започнува напади врз заедниците низ целата земја кои се противат на воениот удар.

Осигурувањето дека постои одговорност за огромните злосторства што се случија во регионот Тигре, на пример, ќе биде критично за овој прекин на огнот и ова примирје навистина да се одржи“, вели Тирана Хасан, в.д. извршен директор на Хјуман рајтс воч.

Во извештајот се вели дека климатските промени имаат се поголемо влијание врз основните права ширум светот.

Се вели дека владите имаат законска и морална обврска да ги регулираат индустриите како што е екстракцијата на фосилни горива кои се некомпатибилни со заштитата на основните човечки права.

XS
SM
MD
LG