Линкови за пристапност

Жестоки битки меѓу руската и украинската војска околу градот Соледар


Областа е една од најактивните во конфликтот, што ја отежнува независната проценка на ситуацијата.
Областа е една од најактивните во конфликтот, што ја отежнува независната проценка на ситуацијата.

Руската и украинската војска соопштија дека во денеска има тешки борби во Соледар, отфрлајќи го претходното тврдење на руската платеничка група Вагнер дека ја презела контролата врз градот во источна Украина.

Неколку часа по тврдењето на групата Вагнер, руската војска соопшти дека борбите се во тек со руските воздухопловни единици кои го опколиле градот на север и југ. Портпаролот на источната воена команда на Украина изјави за украинската телевизија дека ситуацијата во Соледар е „комплицирана“.

Областа е една од најактивните во конфликтот, што ја отежнува независната проценка на ситуацијата.

Британското Министерство за одбрана во вторникот соопшти дека Вагнер и руските сили веројатно го контролираат поголемиот дел од Соледар, кој се наоѓа во близина на Бахмут, една од главните цели на Русија во оваа фаза од нејзината инвазија.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на брифинг со новинарите во средата рече дека одбраната на Украина во областа Бахмут „уште еднаш ја покажува храброста на украинските сили додека се борат да ја одбранат својата татковина“ и колку е од витално значење да се зајакне воената поддршка за Украина.

XS
SM
MD
LG