САД издвојуваат уште 457,5 милиони долари помош за спроведување на законот и цивилна безбедност за Украина, изјави во понеделникот државниот секретар Антони Блинкен.
Виш американски дипломат рече дека официјален Вашингтон очекува помошта, заедно со 187 милиони долари одделени за Киев претходно, ќе продолжи да ѝ помага на Украина да се одбрани од руската инвазија која трае седум месеци и да испраќа пари директно до Националната полиција на Украина и Државната гранична служба на Украина.
„Нашето обезбедување на лична заштитна опрема, медицински материјали и оклопни возила значително ги намали жртвите за украинските цивили и нивните бранители“, рече Блинкен.
Некои од новите пари, рече тој, ќе и помогнат на Украина да продолжи да ги истражува и гони руските војници кои извршиле злосторства врз украинските сили и цивили, од кои илјадници биле убиени во војната.
„САД стојат рамо до рамо со украинскиот народ и остануваат посветени на поддршката на демократска, независна и суверена Украина“, рече Блинкен во објавувањето на пакетот – помош од Вашингтон за Киев.