Линкови за пристапност

САД ја предупреди Русија дека ќе се соочи со „ужасни“ последици доколку изврши нуклеарен напад во Украина


Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека Соединетите држави јасно и ставиле до знаење на Русија, „да олабави околу заканите за нуклеарно оружје“ во конфликтот во Украина по изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе употреби секакви средства вклучувајќи доколку е потребно и нуклеарно оружје за да ја одбрани Русија.

„Многу е важно Москва да слушне од нас и да знае од нас дека последиците ќе бидат ужасни, а ние тоа многу јасно го кажавме“, изјави Блинкен за емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес во интервју емитувано доцна во неделата.

Блинкен рече дека употребата на нуклеарно оружје „би има катастрофални ефекти, се разбира најмногу за земјата што го користи, но и за многу други“.

Одговорот на САД дојде откако Путин минатата недела сигнализираше можност за нуклеарен напад додека повика 300.000 воени резервисти да и помогнат на Русија во борбата против Украина. Зголемувањето на трупите дојде по неуспесите на руското бојно поле, при што силите на Киев повторно зазедоа големи делови од територијата во североисточна Украина што Русија ги зазеде во првите недели од војната.

Британското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека воен персонал почнал да пристигнува во воените бази, но дека Русија се соочува со административни и логистички предизвици во обуката на тие војници.

„Многу од поединците немаат никакво воено искуство“, велат од Министерството. „Недостигот на воени обучувачи и брзањето со која Русија ја започна мобилизацијата, сугерира дека многу од подготвените трупи ќе се распоредат на линијата на фронтот со минимална релевантна подготовка“.

Во Русија и понатаму има протести против повикот на Путин за регрутација, при што полицијата уапси стотици демонстранти кои учествуваа на уличните протести во Москва и на други места.

Во рускиот регион Сибир во понеделникот, 25-годишен маж застрелал воен командант во образовен центар, изјави локалниот гувернер.

Многу мажи кои се противат на војната на Путин или се плашат да не бидат убиени на бојниот фронт, ја напуштија Русија со летови за други земји, додека другите се приклучија на долгите редици автомобили на копнените рути кои се упатуваат кон руските граници со Финска, Грузија и други земји.

XS
SM
MD
LG