Руската контрола врз јужните пристаништа на Украина го наруши протокот за извоз на храна

Во видео-пораката за магазинот „Тајм“, објавена во четвртокот, Зеленски рече дека дејствијата на Русија го оставиле светот „на работ на ужасна криза со храна“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека продолжува да го „уценува светот со глад“ со блокада на украинските пристаништа и спречување на извоз на пченица, пченка, растително масло и други прехранбени производи.

Во видео-пораката за магазинот „Тајм“, објавена во четвртокот, Зеленски рече дека дејствијата на Русија го оставиле светот „на работ на ужасна криза со храна“. „Милиони луѓе може да гладуваат ако продолжи руската блокада на Црното Море“, рече Зеленски.

Русија обвини за падот на извозот поради меѓународните санкции.

Во меѓувреме на фронтот, жестоките борби продолжија во четвртокот во источниот град Северодонецк, при што украинските власти објавија дека им е потребна артилерија од долг дострел за да ги победат руските сили кои зазедоа големи области.

Зеленски во одвоено обраќање доцна во средата рече дека битката за Северодонецк, е „една од најтешките“ во војната, истовремено истакнувајќи ја нејзината важност во клучниот регион Донбас.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, Франс прес и Ројтерс.