Од денеска, македонската амбасада во Киев работи во полн капацитет.
Your browser doesn’t support HTML5
Дипломатските активности се вратија во целост со враќањето на амбасадорот и персоналот, откако амбасадата беше затворена на почетокот на руската агресија во февруари. Ова беше главната причина зошто шефот на дипломатијата го посети Киев и предградијата кои беа најпогодени во обидот на руските сили да го заземат главниот град на Украина.
Од Киев, Османи прати порака на поддршка за Украина.
Северна Македонија го поддржува предлогот за доделување на Украина на статусот земја-кандидатка за членство во ЕУ. Тоа ќе прати јасен и недвосмислен сигнал дека вистинското место на Украина е во Европа што е во согласност со желбите на огромен дел од Украинците.Османи, министер за надворени работи на Северна Македонија
„Северна Македонија го поддржува предлогот за доделување на Украина на статусот земја-кандидатка за членство во ЕУ. Тоа ќе прати јасен и недвосмислен сигнал дека вистинското место на Украина е во Европа што е во согласност со желбите на огромен дел од Украинците. Како најмлада членка на НАТО, ќе продолжиме да ја поддржуваме политиката на отворена врата како и пристапувањето на Украина кон овој најмоќен воено-политички сојуз во светот, како што тоа го покажавме со брзата поддршка за зачленување на Шведска и Финска во НАТО.“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија.
Украина, на која и е неопходна континуирана воена асистенција во обидите да се справи со руската армија, според министерот Кулеба, исклучително ја цени воената помош што досега Скопје и ја прати, како и брзината на испорака на потребната опрема.
Високо ја цениме помошта што Македонија ни ја пружи. Станува збор за опсежна асистенција која Северна Македонија ни ја даде, она што на Украина и го даде е неопходно и за Македонија, но таа не е во војна, а Украина е.Кулеба, министер за надворешни работи на Украина
„Високо ја цениме помошта што Македонија ни ја пружи. Станува збор за опсежна асистенција која Северна Македонија ни ја даде, она што на Украина и го даде е неопходно и за Македонија, но таа не е во војна, а Украина е. Оттука, мала европска земја, на брз начин ни пружи помош, додека големи држави во Европа само ни зборуваат дека не може брзо да ни пружат асистенција зашто таа опрема и ним им треба.“, истакна Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина.
Османи повика на засилена помош од меѓународната заедница, но и предупреди на опасностите кои доаѓаат со неделување во вакви ситуации.
„За жал, руската агресија не е завршена, затоа мора да продолжи и да се засили поддршката за Украина се додека не прекинат сите воени дејства и не се повлечат сите руски војници. Меѓународната демократска заедница не смее да се предаде. Историските искуства со нереагирања на вакви закани се многу болни. Ако дозволиме оваа војна и агресија да се релативизира на кој било начин, а мировните услови да се одредуваат надвор од границите на Украина, тоа ќе прати порака на потенцијална ранливост на слободата и суверенитетот на секоја од нашите земји.“, истакна Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија.
Засега, нема најави за продолжување на мировниот процес и ставање крај на војната во Украина.