Линкови за пристапност

Нова мерка од руската Дума за затварање на сите дописништва на западните медиуми во Москва


Нацрт-законот, усвоен во прво читање од Долниот дом на парламентот, или Думата, исто така забранува дистрибуција на написи или други материјали од медиуми кои обвинителството во Москва веќе ги затвори.
Нацрт-законот, усвоен во прво читање од Долниот дом на парламентот, или Думата, исто така забранува дистрибуција на написи или други материјали од медиуми кои обвинителството во Москва веќе ги затвори.

Рускиот Парламент усвои нацрт-закон со кој им се дава овластување на обвинителите да ги затворат странските медиумски бироа во Москва доколку некоја западна земја е „непријателска“ кон руските медиуми, по затворањето или блокирањето на некои руски државни медиуми во западните земји, објави Ројтерс.

Според агенцијата, нацрт-законот, усвоен во прво читање од Долниот дом на парламентот, или Думата, исто така забранува дистрибуција на написи или други материјали од медиуми кои обвинителството во Москва веќе ги затвори.

Треба да помине уште две читања, да биде разгледан од горниот дом на Парламентот и потпишан од претседателот Владимир Путин за да стане закон. На новинарите на медиумска организација за која се смета дека го крши законот, ќе им биде повлечена акредитацијата за новинарите преку Министерството за надворешни работи - и нема да можат да работат во Русија.

Новиот нацрт-закон ги надополнува предизвиците со кои се соочуваат странските медиуми откако Русија во март усвои закон со кој се казнува, како што го нарече ширењето „лажни“ вести за нејзината армија.

XS
SM
MD
LG