Џафери: Северна Македонија по завршувањето на руската агресија ќе се приклучи во обновата на Украина

Северна Македонија се приклучи кон иницијативата на НАТО и ЕУ членките за финансикса и воена помош на Украина. Секако, ќе се приклучиме и кон намерите за обнова на Украина, по завршувањето на оваа бесмислена војна, рече Џафери.

Талат Џафери од Украина, каде отпатува вчера, порачува дека Северна Македонија, по завршувањето на руската агресија, ќе се приклучи во напорите за обнова на земјата. Ова стои во денешното соопштение од неговиот Кабинет во кое не се прецизира дали Собранискиот спикер се уште е во Киев, или по вчерашните средби е на пат кон Скопје.

Посетата на претседателот на Собранието, за која се дозна дури откако Џафери, преку Полска, пристигна во Киев, е на покана на првиот човек на украинската Врховна рада, Руслан Стефанчук. Од малкуте информации за медиумите, се дознава дека Џафери имал средба и со украинскиот претседател, Зеленски.

Северна Македонија се приклучи кон иницијативата на НАТО и ЕУ членките за финансикса и воена помош на Украина. Секако, ќе се приклучиме и кон намерите за обнова на Украина, по завршувањето на оваа бесмислена војна.
Џафери, претседател на Собрание

Северна Македонија се приклучи кон иницијативата на НАТО и ЕУ членките за финансикса и воена помош на Украина. Секако, ќе се приклучиме и кон намерите за обнова на Украина, по завршувањето на оваа бесмислена војна. „Северна Македонија се приклучи кон иницијативата на НАТО и ЕУ членките за финансикса и воена помош на Украина. Секако, ќе се приклучиме и кон намерите за обнова на Украина, по завршувањето на оваа бесмислена војна. Денеска имавме прилика на лице место да ги гледаме и да ги видиме злоделата кои што ги учинила Руската федерација на тлото на Украина и кон украинските граѓани и затоа после оваа денешна посета и лично и институционално ќе бидеме ангажирани тие злодела да добијат соодветно име, а никакво друго име освен геноцидни дела. Секако, на крајот уште еднаш да се заблагодарам на поканата, да живее Украина, да живее украинскиот народ.“, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието на Северна Македонија.