Стејт департмент: Поддршка за сојузниците за протерувањето руски разузнавачи од нивните земји

„САД го поздравуваат неодамнешното протерување на руски разузнавачи од страна на нашите сојузници во Европа и ширум светот“, се вели во писмената изјава на портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс. „Како што истакнаа нашите партнери, овие активности се одговор на активностите на овие поединци, кои се во спротивност со нивниот дипломатски статус, и на агресијата на Руската Федерација во Украина“, се вели во изјавата.

Стејт департментот објави дека „стоиме обединети со нашите сојузници во заштита на нивната национална безбедност од разузнавачките закани на Руската Федерација и од заканите по демократијата. „Ја продолжуваме нашата заедничка поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, посочи портпаролот Прајс.

САД се посветени да работат со сојузниците и партнерите за да го задржат притисокот врз Руската Федерација и да ги заштитат заеднички национални интереси од акциите на Руската Федерација.