Европските дипломати стануваат се погласни во предупредувањата дека Западен Балкан, и покрај рускиот фокус на агресијата врз Украина, останува потенцијална цел на активности поддржани од Москва. Проценките на високи германски претставници, кои деновиве се во посета на Скопје, се дека случувањата во Украина, го вклучиле „алармот“ во Унијата од потребата за динамизирање на пристапувањето на земјите од регионот- процес кој го нарекуваат стратешка цел и за самата ЕУ.
Your browser doesn’t support HTML5
Соочени со ситуацијата во Украина, разбираме, иако веќе доста време знаеме за влијание на трети страни во регионот, дека Русија е подготвена да ги употреби сите средства и да ги истурка своите цели.Шуч, директорка за Западен Балкан во МНР, Германија
„Соочени со ситуацијата во Украина, разбираме, иако веќе доста време знаеме за влијание на трети страни во регионот, дека Русија е подготвена да ги употреби сите средства и да ги истурка своите цели. Украина е една работа, но знаеме дека и Западен Балкан со процесот на пристапување кон ЕУ се уште се смета како закана или барем како влезна точка за дополнителна дестабилизација од Русија.“, изјави Сузан Шуч, директорка за Западен Балкан во министерството за надворешни работи на Германија.
Проценките се дека Москва сака да ги злоупотреби нерешените конфликти, кои на Балканот се уште ги има, да влијае врз медиумите, да ја искористи подложноста на корупција и со тоа да се обиде да ја измести безбедносната структура воспоставена по Втората Светска војна, а паралелно со тоа, да ја зголемува зависноста од руски енергенси – проблем од кој не се имуни ниту членките на Унијата.
„Затоа треба да го задржиме единството, а тоа со време ќе станува потешко бидејќи ќе се јавуваат проблеми, треба да ја засилиме отпорноста и да ги зајакнеме мерките и реакциите и од земјите од Западен Балкан, кои ни се сојузници и пријатели.“, изјави Сабине Штер, директорка за ЕУ во политики во МНР на Германија.
Од друга страна, европските дипломати се свесни дека блокадата на процесот на пристапување не само што негативно влијае врз кредибилитетот на Унијата, туку и поттикнува други „светски играчи“ тоа да го искористат. На такво сценарио, во изјава за државната медиумска агенција, од Брисел, предупреди и премиерот Ковачевски.
Постојат трети држави кои не сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ и финансираат различни групи во државата, па и политички партии кои се анти - НАТО и анти - ЕУ, кои креираат мислење кое е спротивно на сите определбите.Ковачевски, премиер на Северна Македонија
„Постојат трети држави кои не сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ и финансираат различни групи во државата, па и политички партии кои се анти - НАТО и анти - ЕУ, кои креираат мислење кое е спротивно на сите определбите на сите владини партнери и мнозинството граѓани.“, изјави Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.
Сепак, уверува Ковачевски државниот став останува ист и непроменет – интеграција во Унијата и, во конкретниот случај, целосна усогласеност со нејзината политика – осуда на руската агресија, помош за Украина и економски санкции за Москва.