Северна Македонија, уште еднаш, од Брисел, го потврди територијалниот интегритет на Украина и остро ја осуди руската агресија. Владина делегација, предводена од премиерот Ковачевски, денеска учествува на вонредниот самит на НАТО, на кој, во присуство и на американскиот претседател Бајден, се расправа за ситуацијата во Украина и мерките што Алијансата ќе ги преземе.
Your browser doesn’t support HTML5
Се очекува дополнително засилување на источното крило на НАТО.
„Денес, сведоци сме на многу предизвикувачки период за Европа и за целиот свет. Мислевме дека мирот и стабилноста во Европа се загарантирани, но овој чин на агресија на Руската Федерација врз Украина резултираше со невиден напад врз суверенитетот и територијалниот интегритет на независна држава. Сите НАТО сојузници се обединети и ќе ја продолжиме нашата поддршка за слободните граѓани на Украина, ќе останеме обединети и Северна Македонија како земја-членка ја усогласи својата надворешна политика со онаа на ЕУ и на НАТО се со цел да се спречат нападите на Путинова Русија врз Украина. Веруваме дека единствен начин е мирно решение.“, изјави премиерот Димитар Ковачевски во Брисел пред Самитот на НАТО.