Родена е во Русија, но денес, како Украинска државјанка е погодена од инвазијата што доаѓа од земјата во која се родила.
„Русинка сум. И никогаш nе би се откажала од сопствените корени. Русинка сум. Но, Jас сум државјанка на Украина. И горда сум со тоа“.
ВОА: Која е вашата порака?
„Мојата порака е: Горда што сум Украинка. Горда сум што го имам овој украински пасош“.
Your browser doesn’t support HTML5
Лејла Кондакова е новинарка и музичарка од Киев. Има пријатели и роднини во Русија. Повеќето од нив ја споделуваат нејзината огорченост од нападот. Но, вели дека некои не ја разбираат ситуацијата.
„Сфаќаат дека е пекол. Разбираат дека се војува. Но, некои од моите роднини, велат „Донбас. Сети се на Донбас. Мораш да го запаметиш тоа. И, ова е по ваша вина“.“
Лејла, после неколку ноќи во засолниште, успеала да ја напушти земјата. Заминувањето било стресно и опасно.
„Само што почна возот да се движи, се случи експлозија. Огромен блесок. И, после тоа бомбардирање. Возот се затресе. Навистина, не беше лесно“.
Само што почна возот да се движи, се случи експлозија. Огромен блесок. И, после тоа бомбардирање. Возот се затресе. Навистина, не беше лесно.Лејла Кондакова
Избегале со нејзината 70-годишна мајка. Со себе успеале да земат само тоа што им се нашло при рака. Денес е во Париз каде имаат сместување само за неколку дена.
„Пасош. Документи за вакцинација и документи за моето образование. И пари и картички, секако. Тоа е сè“.
Татко ѝ има 71 година. Тој не можел да го напушти Киев.
„Поради неговата здравствена состојба, тој не можеше да се движи заедно со нас.“
Лејла има 39 години. Никогаш не помислила дека животот ќе ѝ се промени преку ноќ и тоа со експлозии.
„И сега, го почнувам мојот живот од празна страница“.
Немам зборови, ниту на англиски, ниту на руски. Како да го објаснам ова. Сè што сакам да кажам е дека тој (Путин) е демонЛејла Кондакова
Решена е да истрае во целата ситуација. Но е видно потресена и огорчена од агресијата. Вели дека војната ќе создаде многу жртви и омраза со генерации.
„Многу е болно за мене. Во следните двесте или триста години Украинците ќе ги мразат Русите, поради сето тоа што им го направија. Немам зборови, ниту на англиски, ниту на руски. Како да го објаснам ова. Сè што сакам да кажам е дека тој (Путин) е демон“.
Лелја верува дека украинскиот народ ќе ја истрае агресијата. УНХЦР прогнозира дека во период од шест месеци Украина ќе ја напуштат повеќе од 4 милиони луѓе.