Северна Македонија треба да го почитува територијалниот интегритет на Украина - е заеднички став нa поранешениот министер за надворешни работи Антонио Милошоски и Андреј Жерновски, екс - заменик министер за надворешни работи.
Македонската надворешна политика треба да биде во координација со централата на НАТО во Брисел, кога станува збор за украинското прашање, вели Милошоски. За Жерновски, НАТО членството носи и обврски.
Секоја земја си има обврски и Македонија исто така треба да си ги координира тие обврски со централата во Брисел и потоа да го испорача тоа за што има капацитет. Но, ќе кажам дека координацијата во Брисел за Македонија во голем дел би била полесна, доколку има свој амбасадор во Вашингтон.Милошоски, поранешен министер за надворешни работи
„Секоја земја си има обврски, и Македонија исто така треба да си ги координира тие обврски со централата во Брисел и потоа да го испорача тоа за што има капацитет. Но, ќе кажам дека координацијата во Брисел за Македонија во голем дел би била полесна, доколку има свој амбасадор во Вашингтон. Ќе може полесно и побрзо да доаѓа до сериозни информации кои ќе можат да помогнат во градењето на заеднички став“, вели Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи.
„Се разбира дека остануваме посветени на сите операции и мисии на НАТО. Сето тоа значи не само привилегии, туку и свои обврски. Што се однесува до Украина, ние ќе продолжиме да се придржуваме до одлуките кои ги носат земјите - членки на НАТО“, коментира Андреј Жерновски, поранешен заменик министер за надворешни работи.
Милошоски вели дека во случајов, страната која ќе ја заземе земјата треба да биде на иста линија со сите останати земји – сојузнички: „Мислам дека Македонија во случајов не може да не заземе страна, бидејќи е земја - членка на НАТО. А, по однос на ставот за Украина и Русија, принципиелниот став дека треба да сè почитува територијалниот интегритет на Украина е став, кој исто така е став и на ОН, и сметам дека на соодветен начин треба истиот да се претстави без било какви комплекси “, вели Милошоски.
Се разбира дека сè придржуваме до апелите до Русија за де-ескалација, односно за продолжување на дипломатскиот дијалог и сè надеваме дека ќе има тематски средби со Русија на кои ќе продолжи да се дискутира за безбедноста во Европа и светот.Жерновски, поранешен заменик-министер за надворешни работи
„Се разбира дека сè придржуваме до апелите до Русија за де-ескалација, односно за продолжување на дипломатскиот дијалог и сè надеваме дека ќе има тематски средби со Русија на кои ќе продолжи да се дискутира за безбедноста во Европа и светот“, додава Андреј Жерновски, поранешен заменик министер за надворешни работи.
Проценката за тоа дали Северна Македонија има капацитет да испрати некаква помош во Украина, доколку тоа биде побарано од неа, треба да ја направат безбедносните служби, претседателот на државата и министерството за одбрана.
„Да ги проценат потенцијалите на македонските безбедносни сили и истото да го направат во координација со централата во Брисел. Сигурно дека секоја земја - членка има одреден капацитет во одредена сфера. Некој во логистика, некој во воена опрема, некој во техника, некој во санитетски помагала“, сугерира Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи на Северна Македонија.