Украина очекува продолжување на дипломатските напори за избегнување конфликт со Русија

UKRAINE-CRISIS/SUMMIT

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во четвртокот изјави дека Украина не планира никакви агресивни дејства и дека очекува да продолжат дипломатските напори за решавање на кризата долж руско-украинската граница.

„Ние сме посветени на дипломатска патека и подготвени сме да се ангажираме со Русија на различни нивоа со цел да најдеме дипломатско решение за конфликтот“, рече Кулеба на прес-конференција. „Сепак, ако Русија одлучи да војува, ние ќе возвратиме. Ова е наша земја и ќе ја браниме“, оцени тој.

Официјални лица од Украина, Русија, Франција и Германија одржаа разговори во средата во Париз и се согласија за уште една рунда разговори во Берлин. „Ништо не се смени, ова се лошата вест“, им рече Кулеба на новинарите. „Добрата вест е што советниците се согласија да се сретнат во Берлин за две недели, што значи дека Русија во следните две недели најверојатно ќе остане на дипломатскиот пат“, додаде шефот на украинската дипломатија.

Русија објави дека САД не одговориле на нивното главно безбедносно барање во писмото што го испратија како уште еден обид од напорите за спречување на вооружениот конфликт. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека има простор за продолжување на дијалогот и дека ќе и треба време на руската страна целосно да го разгледа одговорот на САД.

Барањата за безбедност на Москва вклучуваат пауза на проширувањето на НАТО кон исток, особено во Украина и Грузија, како и враќање на трупите на НАТО во Источна Европа. САД ги отфрлија тие барања, барајќи од Русија да ги повлече своите сили од границата со Украина и наместо тоа да понуди дијалог со Москва за разни прашања, вклучувајќи ги воените вежби и транспарентноста, како и поставување ракети.

Амбасадорот на САД во Русија, Џон Саливан, го достави документот лично во средата до Министерството за надворешни работи на Русија. Одделно, НАТО и ги пренесе на Русија сопствените одговори во врска со европската безбедност, опишани од официјалните лица, како долги неколку страници. Официјалните претставници ги опишаа одговорите како начин за решавање на загриженоста на Кремљ, а истовремено давајќи им шанса на сите страни да продолжат со дипломатијата.

„Документот што го доставивме ја вклучува загриженоста на САД и нашите сојузници и партнери за дејствијата на Русија кои ја поткопуваат безбедноста - принципиелната и прагматична евалуација на загриженоста што Русија ја предизвика, и нашите сопствени предлози за области каде што можеби ќе можеме да најдете заеднички јазик“, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен за време на прес-конференција.