Линкови за пристапност

Знаме на „Вагнер“ на местото каде се урна авионот на Пригожин


На местото на авионската несреќа во која загина најмоќниот руски платеник пред девет дена, се вее црно знаме на „Вагнер“ покрај камења опкружени со цвеќиња, но сите остатоци од приватниот авион се исчистени.

Авионот со кој Евгениј Пригожин патуваше од Москва за Санкт Петербург, се урна при што загинаа сите 10 луѓе во авионот на 23 август, вклучително и две други врвни личности на „Вагнер“, четворицата телохранители на Пригожин и тричлениот екипаж.

На местото на несреќата немало траги од остатоците од авионот, вели Ројтерс.

Имало само импровизиран споменик од четири камења, опкружен со црвени каранфили и знаме на „Вагнер“ што се вее на столб направен од гранка од дрво.

Причината за падот сè уште е нејасна, но жителите во близина на местото на настанот изјавија за Ројтерс веднаш по падот дека слушнале тресок и потоа виделе како авионот паднал на земја.

Авионот се урна точно два месеца откако Пригожин ја презеде контролата врз јужниот град Ростов кон крајот на јуни, предводејќи ја побуната што ги потресе темелите на Русија на претседателот Владимир Путин.

Кремљ во средата соопшти дека истражителите ја разгледуваат можноста авионот со Пригожин да бил соборен намерно, што е прво експлицитно признание дека тој можеби бил убиен.

XS
SM
MD
LG