Линкови за пристапност

Евгениј Пригожин погребан на гробиштата во Санкт Петербург


Оваа фотографија го покажува гробот на лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин, на гробиштата Пороховскоје во Санкт Петерсбург.
Оваа фотографија го покажува гробот на лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин, на гробиштата Пороховскоје во Санкт Петерсбург.

Пригожин загина минатата недела во авионска несреќа.

Далеку од очите на јавноста се одржа комеморација за началникот на платениците Евгениј Пригожин. Ваквата инфомација преку социјалните мрежи ја соопштија неговите портпароли.

Во краткото соопштение наведуваат дека „оние кои сакаат да се збогуваат“ со 62-годишниот лидер на Вагнер треба да одат на гробиштата Пороховскоје во Санкт Петербург, неговиот роден град.

Кремљ претходно соопшти дека претседателот Владимир Путин не планира да присуствува на погребот.

Пригожин загина минатата недела во авионска несреќа.

Пригожин водеше кратка вооужена побуна против руската војска претходно оваа година.

XS
SM
MD
LG