Линкови за пристапност

САД ќе стават на црната листа околу 70 субјекти вклучени во одбранбеното производство на Москва


Лидерите на Г7 открија тешки нови санкции наменети за претходно недопрените индустриски сектори. Само санкциите на САД ќе стават на црната листа околу 70 руски и субјекти од други држави вклучени во одбранбеното производство на Москва, покрај санкциите на повеќе од 300 поединци, ентитети, авиони и бродови.

Обединетото Кралство воведува забрана за руски дијаманти, бакар, алуминиум и никел.

Со цел да се зајакне соработката за „Слободен и отворен Индопацифик“, лидерите на Г7 ќе се фокусираат и на спротивставување на она што групата го нарекува „економска принуда“ на Кина, употребата на казнени трговски практики за политички цели.

На брифингот со новинарите вчера, висок официјален претставник на администрацијата рече дека лидерите на Г7 се усогласени со нивната цел за ограничување на зависноста и ранливоста на Кина, зголемување на еластичноста на синџирот на снабдување, заштита на чувствителната технологија и загриженоста околу „непазарните политики“ и практики на Пекинг“.

Сепак, ќе биде предизвик да се договори заеднички пристап за справување со Кина. Втората по големина светска економија и глобален производствен центар е важен трговски партнер на членките на Г7.

Почнувајќи ги своите состаноци, лидерите положија венци во Меморијалниот музеј на мирот во Хирошима во чест на жртвите на атомската бомба што американските сили ја фрлија за време на Втората светска војна, при што загинаа повеќе од 130.000.

Група на држви кои не се членки, исто така, беа поканети како дел од напорите на јапонскиот премиер Фумио Кишида да се вклучи во Глобалниот Југ. Тие нации ги вклучуваат Австралија, Бразил, Коморските Острови, Куковите Острови, Индија, Индонезија, Јужна Кореја, Украина и Виетнам.

Самитот е засенет од повеќемесечниот ќорсокак меѓу Белата куќа и конгресните републиканци околу зголемувањето на лимитот на долгот за да ги спречат САД да не ги исполнат своите обврски.

„Овие лидери разбираат колку е важно американското лидерство ширум светот“, изјави во интервју за Гласот на Америка портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

„И тие знаат дека тоа раководство, тој кредибилитет, може да биде повреден ако не ги исполниме обврските“, рече тој.

XS
SM
MD
LG