Линкови за пристапност

Зеленски ќе ја посети Варшава да се заблагодари за помошта за Украинците


Зеленски ќе биде придружуван од сопругата Олена Зеленска
Зеленски ќе биде придружуван од сопругата Олена Зеленска

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ја посети Варшава в среда, каде ќе разговора со политичките лидери и ќе се сретне со Украинци и Полјаци, објавија денес полските власти.

Зеленски ќе биде придружуван од сопругата Олена Зеленска. Ќе започне со официјална средба во Кралскиот замок меѓу Зеленски и неговиот домаќин, полскиот претседател Анджеј Дуда.

Нивните разговори ќе опфатат безбедносни прашања, регионална политика, економска соработка, историски прашања меѓу двата соседа, како и транзит на жито и други земјоделски производи од Украина низ Полска, според владиниот кабинет на Дуда.

По разговорите ќе следи средба со јавноста, соопштија оттаму.

Тамошните медиуми објавија дека Зеленски сака да им се заблагодари на Полјаците што им помогнале на Украинците.

Тој ќе разговара и со полскиот премиер Матеуш Моравјецки во врска со регионалната безбедност, ситуацијата на фронтот и билатералната соработка, вклучително и ситуацијата на граничните премини и со украинското жито, изјави помошникот на Моравјецки Михал Дворчик.

Ова ќе биде прва официјална посета на Зеленски на Полска по руската агресија врз Украина пред 13 месеци. Тој сепак има одржано голем број тајни работни состаноци во земјата.

Полска, земја на НАТО и Европската унија на западната граница на Украина, беше првата станица за многу од бегалците кои избегаа од војната. Многумина избраа да останат тука, со повеќе од 1,5 милиони бегалци регистрирани во владата.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG