Линкови за пристапност

Зеленски ги поздрави новите санкции на САД за 220 руски ентитети


Украинскиот лидер рече дека секоја санкција „мора да функционира целосно, за да нема шанси Русија да ги заобиколи санкциите“
Украинскиот лидер рече дека секоја санкција „мора да функционира целосно, за да нема шанси Русија да ги заобиколи санкциите“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето секојдневно обраќање вчера рече дека им е благодарен на САД за „новите и многу моќни санкции“ за повеќе од 220 руски „ентитети кои работат на агресија“.

САД вчера воведоа санкции за повеќе од 100 луѓе и фирми од Кина, Турција и Обединетите Арапски Емирати кои ѝ помагаат на Русија да набави алатки и опрема кои се од витално значење за руската инвазија на Украина.

Украинскиот лидер рече дека секоја санкција „мора да функционира целосно, за да нема шанси Русија да ги заобиколи санкциите“.

Зеленски рече: „Моќта на санкциите е моќта на светот“.

Додека украинската контраофанзива повеќе од четири месеци полека продолжува, генералот Валериј Залужни рече дека двете страни дошле во ќор-сокак.

„Исто како и во Првата светска војна, го достигнавме нивото на технологија што не` става во ќор-сокак“, изјави тој за Економист, додавајќи:

„Најверојатно нема да има длабок пробив“.

Москва го отфрли тоа објаснување за војната, а портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече:

„Русија постојано ја спроведува специјалната воена операција. Сите цели што беа поставени треба да се исполнат“.

Дел од информациите во текстот се од Ројтерс, Асошиетед прес и агенцијата Франс-прес

XS
SM
MD
LG