Линкови за пристапност

САД ќе санкционираат пет фирми во Турција што ја поддржуваат руската војна во Украина


Акцијата доаѓа во деликатен момент за односите меѓу САД и Турција, кога Вашингтон се надева дека Анкара ќе го ратификува членството во НАТО за Шведска штом турскиот парламент повторно ќе се состане на почетокот на октомври
Акцијата доаѓа во деликатен момент за односите меѓу САД и Турција, кога Вашингтон се надева дека Анкара ќе го ратификува членството во НАТО за Шведска штом турскиот парламент повторно ќе се состане на почетокот на октомври

Администрацијата на Бајден треба да воведе санкции за пет турски компании и еден турски државјанин денес, обвинувајќи ги дека ѝ помагаат на Русија да ги избегне санкциите и ја поддржуваат Москва во нејзината војна против Украина, изјави висок претставник на Одделот за финансии.

Санкциите, кои се однесуваат на бродски и трговски компании обвинети за помагање во поправка на санкционирани бродови поврзани со руското Министерство за одбрана, ќе бидат дел од поголем пакет насочен кон Русија со санкции за повеќе од 150 субјекти.

Акцијата доаѓа во деликатен момент за односите меѓу САД и Турција, кога Вашингтон се надева дека Анкара ќе го ратификува членството во НАТО за Шведска штом турскиот парламент повторно ќе се состане на почетокот на октомври.

САД и нивните сојузници воведоа обемни санкции кон Русија по нејзината инвазија на Украина, но каналите за снабдување од соседот на Црното Море, Турција и другите трговски центри останаа отворени, што го натера Вашингтон да издава повеќекратни предупредувања за извоз на хемикалии, микрочипови и други производи кои може да се користи во воените напори на Москва.

Повеќе високи американски функционери, вклучително и заменик-секретарот за финансии, отпатуваа во Турција по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, како дел од кампањата за притисок да се спречи која било турска компанија да ѝ помогне на Русија да ги заобиколи американските ограничувања.

„Во изминатите 18 месеци, ги споделивме нашите грижи со турската влада и приватниот сектор и ги информиравме за значителните ризици од водење бизнис со оние што ги санкциониравме, а кои се поврзани со војната во Русија“, рече високиот функционер на Одделот за финансии, зборувајќи под услов да остане анонимен.

„Овие означувања ја одразуваат нашата постојана посветеност да таргетираме поединци и ентитети кои обезбедуваат материјална поддршка на санкционираните субјекти“, додаде официјалниот претставник.

XS
SM
MD
LG