Двете воени фракции кои се борат за контрола Картум, главниот град на Судан, Картум, тврдат дека имале придобивки, додека бројот на загинати од насилството се искачи на над 180.
Жителите во Картум пријавиле воздушни напади и артилериски оган додека насилството меѓу суданската војска и паравоените сили трае три дена.
Голем дел од главниот град остана без струја и вода. Насилството ги погоди и соседните збратимени градови на Картум.
Шефот на Обединетите нации Антонио Гутереш денес повторно го осуди избувнувањето на борбите и апелираше до водачите на суданската војска и паравоената група „веднаш да ги прекинат непријателствата, да ја вратат смиреноста и да започнат дијалог за решавање на кризата“.
„Ги повикувам сите оние кои имаат влијание врз ситуацијата да го искористат за мир“, рече тој, додавајќи дека „хуманитарната ситуација во Судан веќе беше несигурна, а сега е катастрофална“.
Дел од информациите се преземени од АП, Ројтерс, Франс-прес