Со милиони гласачки ливчиња низ целата земја, Америка го слушна својот глас. Поранешниот претседател Доналд Трамп ќе служи втор мандат на највисоката функција во земјата. Неговите поддржувачи во квартот Менхетен во Њујорк велат дека се воодушевени.
„Знаев дека ќе победи! И за луѓето ... да им помогнат на луѓето кои се борат. Како мене, како моето семејство. Напорно се бориме“, вели Џон Ривера, поддржувач на Трамп.
Трамп е тој што ѝ треба на оваа земја во моментов, беше добро додека тој беше претседателЕдвин Кезада, жител на Њујорк
Едвин Кезада исто така гласаше за Доналд Трамп:
„Трамп е тој што ѝ треба на оваа земја во моментов. Беше добро додека Трамп беше претседател, и се надевам дека може да ги поправи работите, нередот што го направија демократите“, посочува Кезада.
Барбара Јан, сепак, вели дека не е воодушевена од изборниот исход.
„Во која било друга земја во светот, никогаш не би избрале некој што минува низ криминалниот процес за наш претседател, но тука е можно. Значи, ќе видиме. Ќе го пребродиме“, вели Барбара.
Чувството на разочарување беше видливо во средата во главниот град на САД, Вашингтон, каде што најголем дел од гласовите беа дадени за потпретседателката Камала Харис.
Морган Ден е загрижен за репродуктивните права на жените под новата администрација на Трамп.
Мислам дека нема да направи ништо за да им помогне на хомосексуалците, транс-родовите лица или на жените, ќе ја влоши ситуацијатаДејви, поддржувач на демократите
„Претседателството на Трамп, неговата последна администрација, очигледно ги натрупа судовите на таков начин што Ро наспроти Вејд беше отфрлен“, објаснува Ден Морган.
Трансродовите права се на ум на Дејви, кој не наведе презиме.
„Мислам дека [поранешниот] претседател нема да направи ништо за да им помогне на хомосексуалците, транс-родовите лица или на жените. Мислам дека ќе ја влоши ситуацијата“, смета Дејви.
Џејк Остерман, пак, вели дека му е само мило што Американците се појавија на гласачките места во голем број.
„Повеќе би сакал [да имам] избори што ќе се засноваат на тоа дека повеќе луѓе ќе гласаат за она во коешто веруваат, отколку избори што едноставно се фрлени бидејќи не гласаат толку многу луѓе“, објаснува Остерман.
Гласачот во Мериленд, Френклин Тумасанг, се надева дека Американците ќе најдат начин да се здружат и верува дека вештините на поранешниот претседател Трамп како бизнисмен во голема мера ќе ѝ користат на земјата.
„Тој ќе ја намали инфлацијата, бидејќи тоа е многу голем проблем со кој се соочуваме во моментов. Цените на горивата се зголемуваат. Намирниците се недостижни“, вели Тумасанг.
За време на изборите, економијата остана главен приоритет за Американците. Сега кога Трамп победи, очекувањата од него да го исполни ветувањето дека ќе ја подобри состојбата се поголеми од кога било.
Facebook Forum