Седумдесет и осумгодишниот Доналд Трамп, поранешен претседател на САД, повторно ќе пристигне во Белата куќа како прв човек на Соединетите држави.
По примерот на Гровер Кливленд, кој беше американски претседател во доцните 1800-ти години, Трамп ќе служи два непоследователни мандати, како 45-ти и 47-ми претседател на САД.
За да се разбере како би можело да се одвива второто претседателство на Трамп, потребно е да се погледне назад кон неговиот прв мандат и кон изјавите што тој ги даваше во неговата нова претседателска кампања.
Ако не го спречат овој напад од криминалци и дрога кон нашата земја, веднаш ќе воведам царина од 25% за сè што ќе испратат во САДДоналд Трамп, новоизбран претседател на САД
Имиграцијата е главна тема за Трамп и неговата рестриктивна политика е поврзана со неговите ставови насочени кон нацијата, „Америка на прво место“.
Уште во 2017 година, седум дена откако положи заклетва, Трамп воведе 90-дневна забрана за патување со која им се забранува влез во САД на граѓаните од седум земји со мнозинско муслиманско население.
„Воспоставувам нови мерки за проверка за да ги задржам радикалните исламски терористи надвор од Соединетите Американски Држави. Не ги сакаме овде“, рече Трамп кога ја потпиша легислативата.
За време на годинешната претседателска кампања, пак, Трамп упати силни критики за она што тој го нарекува „имиграциска инвазија“, поставувајќи ја безбедноста на границата како клучно изборно прашање. Тој пред поддржувачите во Северна Каролина најави што ќе му каже на претседателот на Мексико.
„Ќе ги известам уште првиот ден или порано дека ако не го спречат овој напад од криминалци и дрога кои доаѓаат во нашата земја, веднаш ќе воведам царина од 25% за сè што ќе испратат во Соединетите држави“, беше категоричен Трамп.
За време на неговото прво претседателство, Трамп воведе царини за кинескиот увоз и се чини дека овојпат нема да ја промени тактиката.
Ги губиме компаниите, ги губиме работните места, губиме сè и тоа е толку глупавоДоналд Трамп, новоизбран претседател на САД
„Тие навистина нè повредуваа. Тоа е толку смешно. Се затвораат бизниси, сите остануваат без работа, а потоа тие произведуваат во нивната земја и ни го враќаат овде без данок, без ништо. Ние губиме. Ги губиме компаниите, ги губиме работните места, губиме сè и тоа е толку глупаво“, истакна новозибраниот претседател на САД за време на изборната кампања.
Трамп ги повлече САД од Парискиот договор од 2015 година, меѓународен договор за справување со климатските промени, глобалното затоплување и емисиите на стакленички гасови.
„Бев избран да ги претставувам граѓаните на Питсбург, а не на Париз“, истакна Трамп од говорница.
За време на кампањата, Трамп велеше дека неговата енергетска политика ќе се фокусира на зголеменото домашно производство на нафта и враќање на еколошките регулативи.
„Ќе направиме првиот ден, првиот час, можеме да направиме многу работи уште на почеток. Но, прво, ќе дупчиме, ќе дупчиме“, истакна Трамп мислејќи на зголеменото копање нафта.
Во неговиот втор претседателски мандат, Трамп најавува позаштитнички и поизолациски пристап, во споредба со последните четири години на претседателот Џо Бајден.
Facebook Forum