Линкови за пристапност

Претседателот Обама на брифинг за операцијата против Исламската држава


Средба со првиот човек на Американската централна команда, генералот Лојд Остин

Американскиот претседател Барак Обама денес ќе биде брифиран за оперативните детали на армиската операција против милитантите на Исламска држава (ИД).

На средбата со генералот Лојд Остин, првиот човек на Американската централна команда, Обама ќе разговара за меѓународна коалиција за исполнување на целта што тој ја зацрта минатата недела - растурање и уништување на ИД којашто зазеде делови на Ирак и Сирија.

На брифингот ќе учествува и секретарот за одбрана Чак Хегел. Тој вчера на конгресен распит наведе дека напорот е комплициран и дека „ќе биде потребно време“, но ја истакна и потребата од „ефективни партнери“.

Началникот на Американскиот здружен генералштаб, генералот Мартин Демпси на истиот распит остави можност американските копнени сили да учествуваат во битката против ИД. Демпси рече дека доколку заклучи дека американските армиски советници во Ирак треба да ги придружуваат ирачките војници на бојното поле, тој ќе побара одобрение од претседателот Барак Обама за тоа.

Претседателот во повеќе наврати има кажано дека нема да испрати борбени сили во Ирак.

XS
SM
MD
LG