Линкови за пристапност

Демпси остави можност за копнени сили во Ирак


Ќе побара одобрение од Обама доколку смета дека американските армиски советници треба да се приклучат на ирачките сили на бојното поле.

Началникот на Здружениот американски генералштаб остави можност копнени сили на неговата земја да бидат распоредени во Ирак за да се спротистават на милитантите на Исламската држава (ИД).

Генералот Мартин Демпси на денешен распит во Конгресот најави дека доколку заклучи дека американските армиски советници во Ирак треба да ги придружуваат ирачките војници на бојното поле против милитантите, тој ќе побара одобрение од претседателот Барак Обама.

Во обраќањето до американската нација минатата недела, Обама најави дека САД ќе ја засилат борбата против ИД, но дека „нема да бидат вовлечени во уште една копнена војна во Ирак“.

Обама го повлече остатокот на американските копнени сили во Ирак во 2011-та, по деветгодишната војна за време на којашто беше соборен ирачкиот диктатор Садам Хусеин.

Обама неодамна испрати над 1.600 армиски советници во Ирак за да ги зајакнат ирачките акции против напредувањето на ИД во северозападниот дел на земјата.

XS
SM
MD
LG